22 ноември 2022 Бр. 251 - Стр. 15 Огласи вите за Огласот и на чие име гласи уплатениот депозит. Учесниците својот легитимитет за учество во наддавањето го потврдуваат со важечка лична исправа и уредено полномошно за полномошниците. 6.2. Јавното наддавање започнува со јавно соопштување на почетната цена утврдена во колона 3 табела 1 од Огласот. 6.3. Наддавањето се врши „чекорно“ со зголемување на вредноста со секој чекор, за износ не помал од 1000 денари. 6.4. Учесникот во наддавањето кој понудил највисока цена која и по трипати соопштена не е наддадена од друг учесник, се стекнува со статус најповолен наддавач. 6.5. Кога на јавното наддавање за давање под закуп на просторот се јави само еден наддавач, кој ги прифаќа условите од огласот и го наддаде почетниот износ, единствениот наддавач стекнува статус на најповолен наддавач, со кој се склучува договор за закуп на простор. 6.6. По завршувањето на постапката за јавно наддавање, со најповолниот понудувач, во рок од пет работни дена по извршената уплата на закупнината на просторот, јавната здравствена установа склучува договор за закуп на недвижните ствари. На договорот за закуп на недвижните ствари соодветно се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи. 6.7. На учесниците во наддавањето што не добиле статус на најповолен наддавач, средствата уплатени како депозит ќе им бидат вратени во рок од 8 (осум) дена од денот на јавното наддавање. 6.8. Кога најповолниот наддавач не пристапи кон склучување, односно не склучи договор за закуп, во рок од 15 дена од денот кога најповолниот наддавач требал да го склучи договорот, следно рангираните по редослед наддавачи што ги исполниле условите и го наддале почетниот износ, стекнуваат статус на најповолен наддавач и можат да пристапат кон склучување на договорот. 6.9. Огласот ќе биде објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и на огласната табла во ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш. Лице за контакт и информации, увид за јавното наддавање може да се добијат кај м-р Симона Цветаноски (тел. број 071/250514). 7. УСЛОВИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ДЕЈНОСТ НА ФИЗИЧКО И ПРАВНО ЛИЦЕ 7.1. Со склучување на договор за закуп на простор склучен помеѓу ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш, физичкото лице или правно лице избран за најповолен понудувач согласно спроведената постапка не се стекнува по автоматизам и со лиценца за вршење на дејност во мрежата на здравствени установи. 7.2. Склучувањето на договор за лиценца за вршење на здравствена дејност во мрежата на здравствените установи се стекнува исклучиво по спроведена постапка што се води во Министерството за здравство согласно Законот за здравствена заштита и според потребите за вршење здравствена дејност утврдена во Уредбата за ��режата на здравствени установи. Согласно со претходнонаведеното физичкото или правно лице кое е избрано за најповолен понудувач може да ја врши здравствената дејност за кое го има добиено просторот во ЈЗУ само доколку здравствената установа добие дозвола за работа од Министерството за здравство и склучи договор со ФЗО на РСМ, врз основа на договор за лиценца склучена со Министерството за здравство за да работи во мрежата и да работи вон мрежата без да склучи договор со ФЗО на РСМ само со добивање на дозвола за работа. 7.3. Согласно со одредбите од член 318 став 3 и 4 од Законот за здравствена заштита на РСМ („Службен весник на Република Македонија“ број 38/91, 46/93, 55/95, 10/2004, 84/2005, 111/2005, 65/2006, 5/2007, 77/2008, 67/2009, 88/10, 44/11 и 53/11), постојаните приватни здравствени установи основани врз основа на закуп на простор на делови од јавните здравствени установи согласно со Законот за здравствена заштита (во конкретен случај закупецот) престануваат со работа со денот на исполнувањето на услови за остварување на старосна пензија на здравствениот работник на кого му се издадени под закуп просторот и опремата, односно на негово барање, до денот на навршување 65 години возраст, а здравствените работници со средно, више и високо стручно образование во траење од три години, вработени во тие установи кои не исполниле услови за остварување на старосна пензија се преземаат од наредниот носител на лиценца. 7.4. По спроведената постапка за дадениот простор под закуп согласно со член 231 став 15 од Законот за здравствена заштита, ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш се обврзува да достави договор за закуп склучен помеѓу јавната здравствена установа и здравствената установа односно здравствениот работник закупец, јавната здравствена установа да го достави до Министерството за здравство на РСМ. Комисија за јавно наддавање на ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш Дипл. економист Јулија Стефанова, с.р. __________ Врз основа на член 231 ставовите 11, 12, 13, 14, 15 и 16 од Законот за Здравствена заштита („Сл. весник на РМ“ бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 61/15, 188/4, 10/15, 132/14, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16, 192/15, 17/16, 37/16, 20/19), и членовите 51, 70, 71, 72 од Законот за користење и располагање со стварите на Државните органи („Сл. весник на РМ“ бр. 8/05, 150/07, 35/11 И 166/12) Одлуката бр. 02-581/4 од 17.10.2022 година на Управниот одбор на Ј��У Здравствен дом Радовиш и согласноста од Министерството за здравство бр. 09-6972/1 од 10.11.2022 година, Комисијата за располагање со недвижни и движни ствари на ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш објавува ОГЛАС ЗА ИЗДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП НА ПРОСТОР ЗА ОРДИНАЦИЈА ПО ОПШТА МЕДИЦИНА ВО ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ РАДОВИШ НА НИВО НА ПРИМАРНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА 1. ЗАКУПОДАВЕЦ ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш 2. ПРЕДМЕТ НА ИЗДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП 2.1. Предмет на издавање под закуп е Ординација по општа медицина во ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш, со почетна цена без ДДВ како во колона 3 табела 1. 2.2. Просторот на издавање под закуп –јавно наддавање може да се види секој работен ден од 9:00 до 14:00 часот, со претходна најава и присуство на преставник од Комисијата за спроведување на постапката.

اختر الفقرة المستهدفة3

الاتصال بفقرة
Connect to an entity
Disable highlights
أضف إلى جدول المحتويات