- по завршувањето на постапката, да го извести укажувачот кој е познат за исходот на
постапувањето по пријавата, согласно закон.
Заштитено јавно пријавување
Член 6
(1) Укажувачот може да врши заштитено пијавување и со правење јавно достапни информации
доколку:
- пријавувањето од членовите 4 и 5 од овој закон е оневозможено поради невоспоставенa
процедура, односно постапка за прием на пријави согласно закон или
- укажувачот во врска со извршеното заштитено пријавување согласно членовите 4 и 5 од овој
закон не добие информација за преземени мерки во законски утврдениот рок или
- не се преземени мерки или постои лесно препознатлива опасност од уништување на докази или
прикривање одговорност (во натамошниот текст: заштитено јавно пријавување).
(2) Укажувач кој врши заштитено јавно пријавување не смее да ги прави јавно достапни:
- личните податоци на субјектот кои не се од значење за заштитеното пријавување;
- податоците односно информациите кои согласно закон се сметаат за класифицирани
информации, согласно прописите за класифицирани информации, како и податоци односно
информации со кои се загрозува водење на кривична, прекршочна или граѓанска постапка,
доколку тоа е непосредно и лесно препознатливо;
- податоците односно информации со чијашто јавна достапност се повредува или загрозува
националната безбедност, одбраната на независноста или територијалниот интегритет на
Република Македонија.
(3) Укажувач кој ќе изврши пријавување со правење јавно достапни информации спротивно на
одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член, нема право на заштита која се обезбедува
согласно одредбите од членовите 8, 9 и 10 од овој закон.
Заштита на податоците и идентитетот на укажувачот
Член 7
(1) Се забранува откривање или овозможување откривање на идентитет на укажувач без негова
согласност, освен кога тоа се бара со судска одлука кога е неопходно потребно за водење на
постапка пред надлежен орган.
(2) Овластеното лице за прием на пријави од укажувачи е должно да ги заштити податоците за
укажувачот, односно податоците врз основа на кои може да се открие идентитетот на
укажувачот, освен ако укажувачот се согласи на откривање на тие податоци, а во согласност со
закон со кој се уредува заштитата на личните податоци.
(3) Секое лице кое ќе ги дознае податоците од ставот (1) на овој член е должно да ги штити тие
податоци.
(4) Овластеното лице за прием на пријави од укажувачи е должно во текот на примањето на
информациите да го извести укажувачот дека неговиот идентитет може да биде откриен на
надлежниот орган согласно ставот (1) на овој член, како и да го извести за мерките за заштита
на учесникот во кривичната постапка.
(5) За откривањето на идентитетот на укажувачот врз основа на донесена судска одлука
согласно ставот (1) на овој член, овластеното лице за прием на пријави од укажувачи е должно
да го извести укажувачот пред откривањето на идентитетот.
اختر الفقرة المستهدفة3
الاتصال بفقرة
Connect to an entity
Disable highlights
أضف إلى جدول المحتويات