Член 38
Посебна забрана за стекнување на сопственост
Политички партии, државни органи, органи на државна управа, јавни претпријатија, единици на
локална самоуправа, носители на јавни функции и членовите на нивните семејства не можат да
вршат радиодифузна дејност ниту да бидат основачи, соосновачи или да се здобиваат со учество
во сопственоста на радиодифузерите.
Член 39
Недозволена медиумска концентрација
(1) Недозволена медиумска концентрација, во смисла на овој закон, постои кога физички или
правни лица кои се основачи на радиодифузери, како и физички лица носители на функции на
управување во радиодифузери се јавуваат истовремено како:
- поврзани лица во смисла на одредбите од овој закон,
- оснивачи на други радиодифузери спротивно на одредбите од членот 37 ставови (1), (2), (3) и
(4) од овој закон,
- оснивачи на издавач на печатен медиум кое издава дневен весник што се дистрибуира на
подрачјето на кое се емитува радио и/или телевизиската програма;
- оснивачи на новинска агенција и
- оснивачи на друштво за реклама и пропаганда, друштво за истражување на пазарот и јавното
мислење, друштво за дистрибуција на аудиовизулни дела, друштво за филмска продукција или
оператор на електронски комуникациски мрежи кој обезбедува реемитување или емитување на
радио/телевизиски програми.
(2) Недозволена медиумска концентрација, во смисла на овој закон, постои кога радиодифузер:
- учествува во оснивачкиот капитал на друг радиодифузер спротивно на одредбите од членот 37
од овој закон,
- учествува во оснивачкиот капитал на издавач на печатен медиум кој издава дневен весник или
на новинска агенција,
- учествува во оснивачкиот капитал на друштво за реклама и пропаганда,
- учествува во оснивачкиот капитал на друштво за истражување на пазарот и јавното мислење,
- учествува во оснивачкиот капитал на друштво за дистрибуција на аудиовизуелни дела или во
друштво за филмска продукција,
- учествува во оснивачкиот капитал на оператор на електронски комуникациски мрежи кој
обезбедува реемитување или емитување на радио/телевизиски програми,
- истовремено емитува радио и телевизиска програма, освен за субјектот кој врши јавен
радиодифузен сервис,
- емитува радио или телевизиска програма и издава дневен весник што се дистрибуира на
подрачјето на кое се емитува радио или телевизиската програма и
- емитува радио или телевизиска програма и се занимава со дејност на новинска агенција,
друштво з�� реклама и пропаганда, друштво за истражување на пазарот и јавното мислење,
друштво за дистрибуција на аудиовизуелни дела, друштво за филмска продукција или со дејност
на оператор на електронски комуникациски мрежи кој обезбедува реемитување или емитување
на радио или телевизиски програми.
اختر الفقرة المستهدفة3
الاتصال بفقرة
Connect to an entity
Disable highlights
أضف إلى جدول المحتويات