(9) Доколку Агенцијата не донесе одлука во роковите определени согласно со ставовите (3) и (4) на овој член се смета дека спроведувањето на промената во сопственичката структура е одобрена. (10) Роковите определени согласно со ставовите (3) и (4) на овој член почнуваат да течат од денот кога радиодифузерот до Агенцијата ги доставил сите податоци определени со актот од ставот (11) на овој член. (11) Агенцијата со посебен акт ги пропишува формата и содржината на известувањето од ставот (1) на овој член, како и потребната документација која се поднесува заедно со известувањето. Член 42 Поништување на одлука со кое се дозволува спроведување на промена во сопственичка структура (1) Агенцијата со одлука ќе ја поништи одлуката со која дозволила спроведување на промена во сопственичката структура ако таа одлука е донесена врз основа на неточни и/или нецелосни податоци за кои е одговорен радиодифузерот или истите се добиени по пат на измама, а имале одлучувачко влијание врз донесување на одлуката. (2) Со одлуката од ставот (1) на овој член, Агенцијата: - ја поништува одлуката со која го дозволила спроведувањето на промената во сопственичката структура, - утврдува дека со предложените промени на сопственичката структура би се создала недозволена медиумска концентрација, односно дека истите се спротивни на забраната од од членовите 34, 35 став (2) или 38 од овој закон и - му наложува на радиодифузерот во рок кој не може да биде пократок од 30 дена и не подолг од 90 дена од денот на приемот на одлуката од ставот (1) на овој член, да ја усогласи својата сопственичка структура со одредбите од овој закон. (3) Агенцијата може да донесе одлука согласно со ставот (1) на овој член, без притоа да биде ограничен со роковите определени во членот 41 од овој закон. (4) Доколку радиодифузерот не постапи во согласност со одлуката од ставот (1) на овој член Агенцијата ќе ја одземе дозволата за телевизиско или радио емитување на начин и по постапка утврдени со овој закон. Член 43 Поведување на постапка за утврдување на недозволена медиумска концентрација по службена должност (1) Доколку Агенцијата врз основа на сопствени сознанија или врз основа на податоци добиени од заинтересирани лица има сознанија за евентуално постоење на недозволена медиумска концентрација, односно за постоење на повреда на забраната од членовите 34, 35 став (2) или 38 од овој закон ќе ги испита таквите сознанија по службена должност без одлагање. (2) При испитување на сознанијата од ставот (1) на овој член Агенцијата ќе побара од радиодифузерот, во рок кој не може да биде пократок од 15 дена и не подолг од 45 дена, да ги достави сите податоци од значење за одлучувањето на Агенцијата. (3) Доколку при испитување на сознанијата од ставот (1) на овој член Агенцијата со одлука ќе утврди постоење на недозволена медиумска концентрација, односно повреда на забраната од

اختر الفقرة المستهدفة3

الاتصال بفقرة
Connect to an entity
Disable highlights
أضف إلى جدول المحتويات