Член 72 Конкурсна документација Агенцијата е должна во конкурсната документација детално да ги образложи и допрецизира сите одредби од одлуката за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за телевизиско или радио емитување. Член 73 Пријава за учество на јавниот конкурс (1) Кандидатите на конкурсот поднесуваат пријави на посебен образец чија форма и содржина ги пропишува Агенцијата и истиот треба особено да содржи: - име и презиме, адреса, факс, е-маил и акт за државјанство на кандидатот или фирма и седиште на правното лице, доколку кандидатот е правно лице, - природата и обемот на учество кој ќе го има кандидатот во сопственичката структура на радиодифузерот и негово учество во сопственичката структура во други радиодифузери, доколку ја има, - име или назив, матичен или даночен број на други физички или правни лица, кои ќе учествуваат во сопственичката структура на радиодифузерот и нивното учество во други радиодифузери, доколку ги има, - податоци за други правни или физички лица кои би можеле да имаат значително влијание врз ур��дничката политика на радиодифузерот од аспект на поврзани лица во смисла на овој закон, - седиштето каде што ќе биде радиодифузерот, како и седиштето каде што ќе се носат уредничките одлуки и - рок на започнување со вршење на дејноста. (2) Образецот од ставот (1) на овој член се објавува на веб страницата на Агенцијата. (3) Кон пријавата од ставот (1) на овој член се доставува следнава документација: - понуден програмски концепт, - доказ за регистрација на правното лице, - доказ за сопственичката структура на правното лице, - понудени технички, просторни, финансиски и кадровски услови, согласно со актот од членот 62 став (6) од овој закон и деловен план (технички проект со опис на постојната и планираната студиска опрема, особено во сегментот на продукцијата и податоци за постојната и планираната кадровска структура), - доказ дека кандидатот не е во стечај и/или во процес на ликвидација издаден од надлежен орган на домицилната држава, или изјава од кандидатот дека не е во стечај и/или во процес на ликвидација заверена на нотар, - соодветна исправа како доказ дека на кандидатот не му е изречена мерка на безбедност забрана за вршење на дејност од регистар или евиденција, или изјава од кандидатот дека не му е изречена мерка на безбедност забрана за вршење на дејност заверена на нотар, - извештај за билансот на состојба и податоци од билансот на успех потврдени од Централниот регистар за последните две години, односно за странско правно лице, ревизорски извештај издаден од странска реномирана институција регистрирана за вршење на ревизија и кој треба да содржи податоци за вкупното економско работење на странскиот обезбедувач во последните две години, - документи што го гарантираат финансирањето на деловниот план, односно на дејноста, - изјава заверена на нотар дека ќе ги почитува техничките карактеристики и параметри утврдени во одлуката за објавување на јавен конкурс, а определени од страна на Агенцијата за електронски комуникации согласно со Законот за електронските комуникации и прописите донесени врз основа на него, - изјава заверена на нотар дека ќе ги почитува понудените технички, просторни, финансиски и кадровски услови, како и обврските во понудениот деловен план,

اختر الفقرة المستهدفة3

الاتصال بفقرة
Connect to an entity
Disable highlights
أضف إلى جدول المحتويات