- дејност (радио/телевизија),
- нивото на гледаност/слушаност (државно, регионално или локално),
- подрачје(а) на кое ќе се врши дејноста,
- начин на емитување на програмскиот сервис (радиофреквенција, капацитет од дигитален
терестријален мултиплекс),
- период на важност на дозволата,
- начин на пресметка и начин на плаќање на надоместокот за дозволата,
- формат на програмскиот сервис,
- рок на започнување со вршење на дејноста,
- последиците за непочитување на рокот за започнување со вршење на дејноста и
- упатство за правен лек.
(5) Одлуката од ставот (3) на овој член може да содржи и други податоци во согласност со
документацијата на јавниот конкурс, поднесената понуда, како и согласно со одредбите од овој
закон и прописите донесени врз основа на него.
(6) Одлуката од ставот (3) на овој член Агенцијата е должна да им ја достави на сите учесници
на конкурсот во рок од седум дена од денот на нејзиното донесување.
(7) Одлуката од ставот (3) на овој член е конечна, а учесниците на конкурсот кои не се
задоволни од одлуката имаат право во рок од 30 дена од денот на приемот на истата да поднесат
тужба до надлежниот суд. Постапката пред надлежниот суд е итна.
Член 76
Доделување на дозвола без објавување на јавен конкурс
(1) За доделување на дозвола за телевизиско или радио емитување преку јавна електронска
комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс или преку сателит, не се распишува
јавен конкурс и дозволата се доделува по барање на заинтересирана страна на начин и постапка
утврдени со овој закон.
(2) Дозволата од ставот (1) на овој член ја доделува Агенцијата
(3) Барањето од ставот (1) на овој член треба особено да содржи:
- име и презиме, адреса, факс, е-маил и акт за држа��јанство на барателот или фирма и седиште
на правното лице, доколку барателот е правно лице,
- природата и обемот на учество кој ќе го има барателот во сопственичката структура на
радиодифузерот и негово учество во сопственичката структура во други радиодифузери, доколку
ја има,
- име или назив и матичен или даночен број на други физички и правни лица, кои ќе учествуваат
во сопственичката структура на радиодифузерот и нивното учество во други радиодифузери,
доколку ги има,
- податоци за други правни и физички лица кои би можеле да имаат значително влијание врз
уредничката политика на радиодифузерот од аспект на поврзани лица, во смисла на овој закон,
- седиштето каде што ќе биде радиодифузерот, како и седиштето каде што ќе се носат
уредувачките одлуки,
- дејност (радио/телевизија),
- нивото, односно подрачјето на гледаност, односно слушаност на кое ќе се врши дејноста,
- техничкото средство за емитување (јавна електронска комуникациска мрежа што не користи
ограничен ресурс или сателит и
- рок на започнување со вршење на дејноста.
(4) Со барањето од ставот (1) на овој член се доставува и преддоговор за емитување на
програмскиот сервис, заверен на нотар, склучен со операторот на јавната електронска
اختر الفقرة المستهدفة3
الاتصال بفقرة
Connect to an entity
Disable highlights
أضف إلى جدول المحتويات