Член 82
Одземање на дозвола за телевизиско или радио емитување
Агенцијата ќе ја одземе дозволата за телевизиско или радио емитување пред истекот на рокот за
којшто е издадена и ќе го избрише радиодифузерот од регистарот на радиодифузери во следниве
случаи, по претходно доставено писмено известување доколку:
- имателот на дозволата не започне со вршење на дејноста во рокот утврден во дозволата,
- имателот на дозволата престанал со емитување на програмскиот сервис повеќе од 30 дена
поради технички, финансиски или други причини,
- имателот на дозволата подолго од 30 дена од денот на започнување со вршење на дејноста,
утврден во дозволата, не ги исполнил техничките, просторните, финансиските и кадровските
услови што ги понудил во постапката на доделување на дозволата, а врз основа на извршен
стручен надзор согласно со членот 30 од овој закон,
- имателот на дозволата дал неточни податоци кои биле важни за донесување на одлуката за
доделување на дозволата,
- по издавањето на дозволата ќе настанат околности што претставуваат законски пречки за
имателот на дозволата да ја врши дејноста,
- имателот на дозволата не го плати надоместокот во законски утврдениот рок,
- не се отстрани недозволена медиумска концентрација согласно со овој закон и
- на радиодифузерот со правосилна судска одлука му е забрането вршење на дејност.
Член 83
Постапка за одземање на дозвола
(1) Советот покренува постапка за одземање на дозвола за телевизиско или радио емитување по
предлог на директорот на Агенцијата.
(2) Предлогот од ставот (1) на овој член се доставува до сите членови на Советот во писмена
форма со детално образложение за причините за одземање на дозволата, а согласно со случаите
од членот 82 од овој закон.
(3) Советот е должен во рок од 15 дена од денот на приемот на предлогот од ставот (1) на овој
член да донесе одлука со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот.
(4) Доколку Советот донесе одлука за одземање на дозволата истата мора да биде образложена и
објавена во "Службен весник на Република Македонија", на веб страницата на Агенцијата и во
најмалку два дневни весници од кој едниот дневен весник е на јазикот на заедницата која не е
во мнозинство, а го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија.
Член 84
Право на судска заштита против одлуката за одземање на дозвола
(1) Одлуката за одземање на дозволата за телевизиско или радио емитување е конечна, а против
истата имателот на дозволата има право да поднесе тужба до надлежниот суд во рок од 30 дена
од денот на нејзиниот прием.
(2) Постапката пред надлежниот суд е итна.
اختر الفقرة المستهدفة3
الاتصال بفقرة
Connect to an entity
Disable highlights
أضف إلى جدول المحتويات