услугата, содржи и некој од следниве елементи: поштенска или електронска адреса, веб
страница и/или телефонски број преку кои уште во текот на емитувањето може да се реализира
купувањето. Форми на телешопинг се телешопинг спотови и телешопинг прозорци;
25. Телешопинг прозорци е непрекинато емитување на телешопинг со времетраење од најмалку
15 минути;
26. Уредничка одговорност во аудио или аудиовизуелна медиумска услуга значи одлучувачка
контрола врз изборот на програмите и врз нивното организирање во хронолошкиот редослед на
програмите (програмска шема), во случај на телевизиско или на радио емитување (линеарни
услуги), или во каталогот на програми, во случај на аудиовизуелни медиумски услуги по барање
(нелинеарни услуги) и
27. Членови на семејство се брачниот и вонбрачниот другар, родители, деца, браќа и сестри,
посвојувачи и посвоени деца, како и лица кои живеат во заедничко домаќинство.
II. НАДЛЕЖЕН ОРГАН
Член 4
Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
(1) Надлежен орган за работите што се предмет на овој закон е Агенцијата за аудио и
аудиовизуелни медиумски услуги ( во натамошниот текст: Агенцијата).
(2) Агенцијата е самостојно и независно непрофитно регулаторно тело со статус на правно лице
со јавни овластувања.
(3) Република Македонија е основач на Агенцијата. Имотот и средствата за работа на Агенцијата
ги користи и со нив управува Агенцијата.
(4) Седиштето на Агенцијата е во Скопје.
(5) Агенцијата има печат.
(6) Печатот на Агенцијата има тркалезна форма. Во средината на печатот е грбот на Република
Македонија, а околу него е натписот “Република Македонија - Агенција за аудио и
аудиовизуелни медиумски услуги“.
(7) Работењето на Агенцијата се финансира од средствата остварени од приходите од
надоместоците предвидени со овој закон, од средствата за финансирање на радиодифузна
дејност согласно со овој закон, како и од заеми и друга финансиска и техничка помош.
Член 5
Начела во работата на Агенцијата
(1) Агенцијата во својата работа се грижи за постигнување на целите утврдени во членот 2 од
овој закон.
(2) Агенцијата во својата работа е независна од друг државен орган или друго правно лице и
треба да биде непристрасна кон нив.
اختر الفقرة المستهدفة3
الاتصال بفقرة
Connect to an entity
Disable highlights
أضف إلى جدول المحتويات