(9) Новинарите и уредниците во МРТ, како и лицата кои директно се инволвирани во производството и продукцијата на програмите во МРТ немаат статус на јавни службеници. Член 105 Финансирање на МРТ (1) МРТ се финансира средствата за финансирање на радиодифузната дејност, од емитување на аудио и аудиовизуелни комерцијални комуникации, донации, продажба на програма и услуги согласно со овој закон и Законот за контрола на државната помош. (2) Донациите од ставот (1) на овој член не смеат да влијаат или да ја нарушат уредувачката независност на МРТ. (3) МРТ е должна за набавката на аудио или аудиовизуелни дела, односно на програмски содржини да склучи посебен договор со обезбедувачот на аудио или аудиовизуелни дела, односно на програмски содржини. (4) Начинот и постапката на спроведување на јавни конкурси, начинот и постапката за набавката на аудио или аудиовизуелни дела, односно на програмски содржини и склучување на договорите се утврдува со акт донесен од директорот на МРТ кој треба да обезбеди транспарентност, економичност, ефикасност и ефективност во управувањето на финансиските средства на МРТ, согласно со годишната програма за работа на МРТ за наредната година, овој закон и актите кои произлегуваат од него. Член 106 Годишен извештај и годишна програма за работа на МРТ (1) МРТ е должна да донесе годишен извештај за работа за претходната година и Годишна програма за работа за наредната година. (2) Годишната програма за работа за наредната година МРТ е должна да ја достави до Собранието на Република Македонија најдоцна до 30 октомври во тековната година и истата особено треба да содржи: - програма за работа за наредната година со планирани активности особено за исполнување на програмските обврски на МРТ согласно со овој закон и - финансиски план за нaредната година кој ги содржи планираните приходи и расходи на МРТ за наредната година групирани по структура и по организацона структура на МРТ, како и предвидените капитални инвестиции на МРТ за наредната година. (3) Во прилог на годишната програма за работа на МРТ за наредната година се доставува и усвоената годишна програма за работа на МРТ за тековната година. (4) Финансискиот план од ставот (2) алинеја 2 на овој член го одобрува Собранието на Република Македонија најдоцна до 31 декември во тековната година. (5) Годишниот извештај за работа за претходната година МРТ е должна да го достави до Собранието на Република Македонија на разгледување најдоцна до 31 март во тековната година и истиот особено треба да содржи: - извештај за реализација на програмата за работа од претходната година, - финансиски извештај за реализација на финансискиот план од претходната година и годишна сметка, со податоци за реализирани приходи, расходи, побарувања и обврски од претходната година групирани по структура и по организацона структура на МРТ и - ревизорски извештај од независен меѓународен овластен ревизор и ревизорски извештај од

اختر الفقرة المستهدفة3

الاتصال بفقرة
Connect to an entity
Disable highlights
أضف إلى جدول المحتويات