(3) Начинот на архивирање на аудио и аудиовизуелните дела од ставот (1) на овој член, начинот
на достапност до јавноста и висината на надоместокот од ставот (2) на овој член ги пропишува
МРТ во согласност со програмата за развој на МРТ.
(4) Снимките од работата на Собранието, собраниските комисии и тела, јавните расправи и други
важни настани претставуваат трајна архивска граѓа. Копија од истите се чува во библиотеката на
Собранието и Државниот архив на Република Македонија, на јазик што го зборува пратеникот во
оригинал без превод. Библиотеката на Собранието мора да обезбеди секој граѓанин по писмено
барање и надоместок на трошоците да може да гледа и користи копија од снимките.
Член 113
Обезбедување влијание на јавноста
(1) МРТ е должна предлог-програмата за работа за наредната година со планирани активности
особено за исполнувањето на програмските обврски на МРТ согласно со овој закон и предлогпрограмата за развој на МРТ јавно да ги објави на својата веб страница, со цел да обезбеди јавна
расправа, односно да им овозможи на сите заинтересирани страни да можат да ги изразат своите
мислења, гледишта и ставови по однос на истите.
(2) Рокот на траење на јавната расправа од ставот (1) на овој член не смее да биде пократок од
30 дена од денот на објавувањето на предлог-програмите од ставот (1) на овој член.
(3) Коментарите, забелешките и предлозите на публиката за работењето на МРТ се објавуваат на
веб страницата на МРТ заедно со одговорите на Програмскиот совет.
Член 114
Статут на МРТ
(1) Работењето, организацијата, управувањето и раководењето во МРТ, актите и постапката за
нивно донесување, како и други прашања од значење за работењето на МРТ поблиску се
уредуваат со Статутот на МРТ.
(2) Статутот на МРТ особено содржи одредби за:
- заштитен знак и седиште на МРТ,
- изработка и употреба на печати,
- застапување на МРТ,
- органи на МРТ и нивните надлежности,
- организациона структура на МРТ,
- начин и услови за обезбедување на програмска одговорност,
- постапка и начин на именување и разрешување на член на Надзорниот одбор на МРТ и на
директорот и заменикот на директорот на МРТ,
- општите и другите акти на МРТ и постапка за нивно донесување,
- обезбедување транспарентност во работата на МРТ,
- постапката на спроведување на јавни конкурси и склучување на договори утврдени со овој
закон и
- други прашања од значење за активностите и работата на МРТ.
(3) Статутот на МРТ се објавува во "Службен весник на Република Македонија" и на веб
страницата на МРТ.
اختر الفقرة المستهدفة3
الاتصال بفقرة
Connect to an entity
Disable highlights
أضف إلى جدول المحتويات