(2) Овластените предлагачи од ставот (1) на овој член ги утврдуваат и доставуваат предлозите за членови на Советот на Агенцијата до Собранието на Република Македонија по постапка и во рок утврдени со овој закон. (3) Собранието на Република Македонија во рок од еден месец од приемот на сите предлози од ставот (2) на овој член треба да ги именува членовите на Советот на Агенцијата на начин утврден со овој закон. (4) Со именувањето на членовите на Советот на Агенцијата од ставот (3) на овој член им престанува мандатот на постојните членови на Советот за радиодифузија, освен на постојниот претседател на Советот за радиодифузија. (5) Постојниот претседател на Советот за радиодифузија ја врши функцијата директор на Агенцијата до изборот на директор на Агенцијата согласно со ставот (8) на овој член, без право на глас при донесувањето на одлуките на Советот. Со изборот на директор на Агенцијата на постојниот претседател на Советот за радиодифузија му престанува мандатот. (6) Постојните членови на Советот за радиодифузија имаат право да бидат именувани за членови на Советот на Агенцијата. (7) Советот на Агенцијата именуван согласно со одредбите од овој закон ќе го донесе Деловникот за работа на Агенцијата во рок од 60 дена од денот на донесувањето на одлуката за именување на членови на Советот. (8) Советот на Агенцијата од ставот (3) на овој член ќе донесе одлука за објавување на јавен конкурс за избор на директор на Агенцијата во рок од 15 дена од денот на донесувањето на Деловникот за работа на Агенцијата. Изборот на директор ќе се изврши во согласност со одредбите од овој закон и со Деловникот за работа на Агенцијата. (9) Во рок од шест месеци од денот на донесувањето на одлуката за избор на директор на Агенцијата, Агенцијата ќе ги донесе актите кои произлегуваат од овој закон, а до денот на влегувањето во сила на актите, ќе се применуваат актите што важеле до денот на влегувањето во сила на овој закон. (10) Средствата, правата, обврските и архивата на Советот за радиодифузија, како и вработените во стручната служба на Советот за радиодифузија ги презема Агенцијата. Член 153 (1) Собранието на Република Македонија ќе упати јавен повик за доставување предлог на кандидати за членови на Програмскиот совет на МРТ до овластените предлагачи од членот 117 од овој закон во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. (2) Овластените предлагачи од ставот (1) на овој член ги утврдуваат и доставуваат предлозите за членови на Програмскиот совет на МРТ до Собранието на Република Македонија на начин и во рок утврдени со овој закон. (3) Собранието на Република Македонија во рок од еден месец од приемот на сите предлози од ставот (2) на овој член треба да ги именува членовите на Програмскиот совет на МРТ на начин утврден со овој закон. (4) Со именувањето на членовите на Програмскиот совет на МРТ од ставот (3) на овој член им престанува мандатот на постојните членовите на Советот на МРТ.

اختر الفقرة المستهدفة3

الاتصال بفقرة
Connect to an entity
Disable highlights
أضف إلى جدول المحتويات