IV. ЗАШТИТА НА ПЛУРАЛИЗМОТ И РАЗНОВИДНОСТА НА АУДИО И
АУДИОВИЗУЕЛНИТЕ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ
Член 34
Забрана за таен содружник
Радиодифузер не може да има таен содружник, односно таен содружник не може да учествува со
паричен или непаричен влог во радиодифузер.
Член 35
Учество на странско физичко или правно лице
(1) Странско физичко или правно лице може да основа или да учествува во сопственоста на
домашен радиодифузер под истите услови утврдени со овој закон што важат за домашните
физички или правни лица.
(2) Домашно правно лице чии основачи се и странски лица регистрирани во земји во кои
согласно со прописите на тие земји не е дозволено или не е можно да се утврди потеклото на
основачкиот капитал, не може да врши радиодифузна дејност, согласно со овој закон ниту да се
стекне со удел во сопственост на радиодифузер.
(3) Доколку дополнително се утврди дека еден од основачите на радиодифузерот е правно лице
од ставот (2) на овој член, соодветно ќе се применат одредбите од членот 43 од овој закон.
Член 36
Поврзани лица
(1) Поврзани лица, во смисла на овој закон, се лицата кои се меѓусебно поврзани преку
управување, капитал или на друг начин и кога тие поради таквата поврзаност заеднички можат
да ја креираат деловната политика, односно да дејствуваат на координиран начин заради
остварување на заеднички цели, или кога едно лице има можност да насочува или значајно да
влијае врз друго лице при одлучувањето за финансирањето, деловното работење или при
одлучување за програмскиот концепт на радиодифузер.
(2) Како поврзани лица од ставот (1) на овој член особено се сметаат:
- членовите на семејството,
- членовите на семејство на брачниот или вонбрачниот другар,
- лицата кои како иматели на вкупен удел во сопственоста, на акции или на други права во друго
лице, учествуваат во управувањето на тоа лице со најмалку 25% од гласачките права,
- лицата кај кои едно исто лице има вкупен удел, акции или други права, врз основа на што
учествува во управувањето во секое од тие лица со најмалку 25% од гласачките права,
- поврзаните друштва во смисла на Законот за трговските друштва,
- лицата кои со маркетинг или друг договор, во тримесечен или подолг период во една година
остваруваат повеќе од 30% од приходи од рекламирање, телешопинг и спонзорство и
- лица кои се членови на управниот или надзорниот одбор во радиодифузерот и лицата кои се
сметаат за поврзани со членовите на управниот или надзорниот одбор на начин утврден со овој
член.
اختر الفقرة المستهدفة3
الاتصال بفقرة
Connect to an entity
Disable highlights
أضف إلى جدول المحتويات