овој
закон,
- нема да подготви годишен извештај за спроведување на овој закон и нема да го достави до Агенцијата согласно
со членот 36 од овој закон.
Член 40
(1) За прекршоците утврдени со овој закон прекршочната постапка ја води и прекршочни санкции изрекува
Прекршочната комисија во Агенцијата.
(2) Членови на Прекршочната комисија од ставот (1) на овој член се вработени во Агенцијата со соодветен степен
и вид на стручна подготовка и потребно работно искуство определени со закон, од кои најмалку еден од членовите
е дипломиран правник со положен правосуден испит.
(3) Пред поднесување на барање за покренување на прекршочна постапка се води постапка на порамнување со
издавање на прекршочен платен налог, согласно со Законот за прекршоците.
(4) Службените лица се должни да водат евиденција за издадените прекршочни платни налози и за исходот на
покренатите постапки.
(5) Во евиденцијата од ставот (4) на овој член се собираат, обработуваат и чуваат следните податоци: име и
презиме, односно назив на сторителот на прекршокот, живеалиште, односно престојувалиште, седиште, вид на
прекршокот, број на прекршочниот платен налог и исходот од постапката.
(6) Податоците од ставот (4) на овој член се чуваат пет години од денот на внесувањето во евиденцијата.
(7) Формата и содржината на прекршочниот платен налог ги пропишува директорот на Агенцијата.
IX. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 41
Подзаконските акти предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од 60 дена од денот на влегувањето во сила на
овој закон.
Член 42
Имателите на информации ќе определат службени лица за посредување со информации од членот 8 на овој закон
во рок од 30 дена од денот на започнувањето на примената на овој закон.
Член 43
(1) Собранието на Република Македонија во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон ќе
распише јавен оглас за именување на директор и заменик на директорот на Агенцијата.
(2) Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер престанува со
работа со денот на започнувањето со работа на Агенцијата.
(3) Агенцијата започнува со работа со денот на именувањето на директор на Агенцијата.
اختر الفقرة المستهدفة3
الاتصال بفقرة
Connect to an entity
Disable highlights
أضف إلى جدول المحتويات