5 Одговорниот уредник може да одбие да го објави одговорот и во случај кога во одговорот се
наведуваат очигледни неточни податоци или тврдења, како и други наводи кои со сигурност се
непогодни за докажување.
6 Доколку одговорниот уредник смета дека само некои од податоците или тврдењата не се точни
или непогодни за докажување, тој не смее да одбие да го објави одговорот без претходно да го
повика подносителот на барањето за одговор за да ги изземе од одговорот тие податоци и
тврдења.
Право на тужба
Член 28
Одредбите од членот 23 од овој закон што се однесуваат на правото на тужба соодветно се
применуваат и во случај ако одговорниот уредник на издавач на медиум не го објави одговорот на
објавена информација.
Надзор
Член 29
1 Надлежното регулаторно тело врши исклучиво административен надзор над исполнување на
обврските утврдени во членовите 6, 8, 14 и 15 од овој закон, согласно со Законот за аудио и
аудиовизуелни медиумски услуги.
2 Мерките кои надлежното регулаторно тело може да ги преземе, а кои се утврдени во Законот за
аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, соодветно се применуваат и во случај на повреда на
одредбите од овој закон.
Казнени одредби
Член 30
1 Глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок
на правното лице, ако:
1) печатен медиум со порнографска содржина не обезбеди заштита на малолетни лица на начин
утврден во членот 6 став 1 од овој закон;
2) не именува одговорен уредник (член 8 став 1);
3) не ги објави податоците согласно со членот 14 од овој закон;
4) не ги достави податоците во рок и на начин утврден во членот 15 став 1 или не ги објави истите
согласно со членот 15 ставови 2 и 3 од овој закон и
5) не достави писмен извештај на начин и во рок согласно со членот 15 став 5 од овој закон.
2 Глоба во износ од 500 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на
одговорното лице во правното лице и на трговец поединец за сторениот прекршок од ставот 1 на
овој член.
Член 31
Центар за развој на медиуми
Ул. Македонија бр. 11/1-5, 1000 Скопје
Тел/факс: +389 2 3136 340
www.mdc.org.mk
اختر الفقرة المستهدفة3
الاتصال بفقرة
Connect to an entity
Disable highlights
أضف إلى جدول المحتويات