Право на исправка на објавена информација
Член 17
1 Секој има право од издавач на медиум, односно од одговорен уредник на издавач на медиум да
бара, без надоместок, да објави исправка на објавена информација во која се наведуваат
неточните факти објавени во информацијата, а со кои биле повредени неговите права или
интереси. Право на исправка имаат и правните лица и други организации и тела, доколку со
информацијата биле повредени нивните права или интереси.
2 Барањето за објавување на исправка се поднесува до одговорниот уредник на издавачот на
медиум во писмена форма во рок од 30 дена од денот на објавувањето на информацијата на која
се однесува исправката. Барањето мора да биде образложено и потпишано од страна на
подносителот на исправката и да ги содржи сите потребни податоци за подносителот на
исправката, како и неговата адреса.
3 Во исправката на објавена информација покрај исправка на погрешните тврдења или неточните
наводи во објавената информација, може да се изнесуваат факти и околности со кои подносителот
на исправката ги побива или битно ги дополнува наводите во објавената информација.
4 Во случај кога се работи за научна или уметничка критика не се дава право на исправка, освен
доколку со истата се врши само исправка на неточни факти.
5 Не може да се бара исправка доколку издавачот на медиум, до денот на поднесувањето на
барањето за исправка, веќе претходно сам објавил исправка на истата информација. Ако
подносителот на барањето за исправка смета дека издавачот на медиумот не ја објавил
исправката на соодветен начин, во тој случај може да бара остварување на своето право во
согласност со членот 23 од овој закон.
6 Доколку лицето за кое се однесува информацијата е починато, право на објавување на исправка
имаат неговите деца, посвоени деца, брачните другари, родители, посвоители, браќа и сестри или
правни лица, доколку информацијата се однесува на дејноста која ја вршело покојното лице во
врска со тоа правно лице.
7 Подносителот на барањето за објавување на исправка мора јасно да ја наведе информацијата,
односно податокот од информацијата на кој се однесува барањето за исправка и датумот на
нејзината објава.
Објава на исправка
Член 18
1 Исправката се објавува, без измени и дополнувања, на исто или соодветно место во содржината
на медиумот и на ист или соодветен начин на оној на кој била објавена информацијата.
Исправката не смее да биде несразмерно подолга од информацијата, односно од делот на
информацијата на која се однесува. Исправката може да се објави во изменета форма само
доколку на тоа се согласи подносителот на барањето на исправката. Исправката мора да биде
објавена на начин што од самиот наслов може да се види дека се работи за исправка. Исправка
без согласност на подносителот на барањето на исправката не смее да се објавува меѓу реакции
или писма на читателите, односно гледачите или слушателите.
Центар за развој на медиуми
Ул. Македонија бр. 11/1-5, 1000 Скопје
Тел/факс: +389 2 3136 340
www.mdc.org.mk
اختر الفقرة المستهدفة3
الاتصال بفقرة
Connect to an entity
Disable highlights
أضف إلى جدول المحتويات