3 Не е дозволено умножување ниту јавно објавување на копијата од ставот 1 на овој член без согласност на издавачот на медиум освен во рамките на судска постапка. 4 Во случај издавачот на медиум да не ја зачувал објавената информација од ставот 1 на овој член, ќе се смета дека издавачот на медиум ја има објавено информацијата за која се бара исправка. Чување на објава Член 21 Доколку заинтересираното лице во рок од осум дена од објавата на информацијата писмено ќе извести дека ќе бара објавување на исправка, одговорниот уредник во издавачот на медиумот е должен да ја чува објавата на информацијата на која се однесува барањето на исправка, се додека бараната исправка не се објави, односно не се заврши судската постапка која се води во врска со објавените спорни информации, односно додека не завршат законски пропишаните рокови за остварување на правата на исправка или судска заштита. Барање за исправка од издавач на медиум кој престанал да постои Член 22 Објава на исправка може да се бара и кога информацијата била објавена од издавач на медиум кој во меѓувреме престанал да постои. Подносителот на барањето за исправка има право од издавачот на тој медиум или од неговиот правен следбеник да бара, на негов трошок, да му обезбеди објавување на исправката во друг медиум кој по нивото на гледаност/слушаност, односно тираж е сличен со него. Право на тужба Член 23 1 Ако одговорниот уредник на издавач на медиум не ја објави исправката на начин и во роковите определени со членот 19 од овој закон, заинтересираното лице има право да покрене тужба против одговорниот уредник пред надлежниот суд во рок од 30 дена од истекот на рокот за објавување на исправката, односно од денот кога исправката не била објавена или била објавена на начин кој не е во согласност со овој закон. 2 Судските спорови во врска со објавата на исправката се решаваат по итна постапка. 3 Одговорниот уредник е должен при објавувањето на исправката по завршување на судската постапка да наведе дека објавувањето се извршува врз основа на правосилна судска пресуда и притоа е должен да ја цитира изречената пресуда. Сменување на одговорен уредник по поднесување на тужба Член 24 Центар за развој на медиуми Ул. Македонија бр. 11/1-5, 1000 Скопје Тел/факс: +389 2 3136 340 www.mdc.org.mk

اختر الفقرة المستهدفة3

الاتصال بفقرة
Connect to an entity
Disable highlights
أضف إلى جدول المحتويات