Стр. 4 - Бр. 251
(4) По исклучок од ставовите (1) и (2) на овој член,
не е дозволено докажување на вистинитоста на факти
кои се однесуваат на приватниот живот на тужителот,
освен ако изнесувањето такви факти е сторено во научно, книжевно или уметничко дело, во сериозна критика, во вршење на службена должност, новинарска
професија, политичка или друга општествена дејност,
во одбрана на слободата на јавно изразување на мислата или на други права или при заштита на јавен интерес.
(5) Ако клеветата се состои во јавно префрлање на
друг дека сторил кривично дело или дека е осуден за
такво дело, одговорноста е исклучена ако изјавата е дадена во јавен интерес и ако лицето кое ја дало ќе ја докаже нејзината вистинитост или ќе докаже дека имал
основана причина да поверува во вистинитоста на таквите факти.
Исклучување на одговорноста
Член 10
Покрај основите за исклучување на одговорноста за
клевета од членот 9 ставови (2), (3) и (4) од овој закон,
исклучена е одговорноста за тврдење на факти штетни
за честа и угледот на друг што е дадено во научно, книжевно или уметничко дело, во сериозна критика, во
вршење на службена должност, новинарска професија,
политичка или друга општествена дејност, во одбрана
на слободата на јавно изразување на мислата или на
други права или при заштита на јавен интерес или други оправдани интереси, ако:
1) се изнесува или пронесува тврдење што е содржано во соопштение, одлука или друг документ на
државен орган, установа или правно лице, или е изнесено на јавен собир, во судска постапка, или друга јавна манифестација на активноста на државни органи,
установи, здруженија или правни лица или се пронесува тврдење што е јавно соопштено од друг;
2) на лицето кое го изнесува или пронесува таквото
тврдење му е оневозможено остварувањето на правото
на пристап до информации од јавен карактер спротивно на прописите за слободен пристап до информации
од јавен карактер, на кое се повикува во својата одбрана;
3) невистинитите факти, содржани во тврдењето,
имаат споредно значење во однос на вистинитите факти на кои се однесува тврдењето и суштински не ја менуваат неговата целосна смисла на вистинито тврдење;
4) во средството за информирање с�� изнесуваат
факти кои се однесуваат на прашања од јавен интерес
со повикување на сериозни извори на сознанија за нивната вистинитост, спрема кои тужениот постапувал со
потребната мера на должно внимание во согласност со
професионалните стандарди на новинарската професија или
5) средството за информирање што го пронесува
тврдењето е платформа за агрегација на медиуми, освен во случај кога платформата е формирана со цел за
злоупотреба на слободата на информирање, спротивно
на законите во областа на јавното информирање.
Заштита на изворот на информацијата
Член 11
(1) Од тужениот новинар или друго физичко лице
кое професионално врши дејност на информирање на
јавноста, во постапката за граѓанска одговорност за
навреда или клевета според овој закон не може да се
бара да го открие својот извор на информации за фактите кои е должен да ги докажува.
22 ноември 2022
(2) Судот може да побара од тужениот да открие
релевантни информации заради утврдување на вистинитоста на објавената информација без идентификување на изворот на информациите.
(3) Одбивањето на тужениот да го открие тајниот
извор на информации не може да се земе како негово
признание на вината или да го засновува заклучокот
дека не ја докажал вистинитоста на фактите или основаноста на верувањето во нивната вистинитост.
3. Надоместување на штетата од навреда и клевета
Барање за јавно извинување или јавно повлекување
на изјавата или содржината
Член 12
(1) Пред поднесување на тужба за надоместување
на штетата, физичкото или правното лице на кое му е
причинета штета со навреда или клевета презема мерки
за ублажување на штетните последици и има право да
бара извинување и јавно повлекување на изјавата или
содржината.
(2) Ако навредата или клеветата е сторена по пат на
средство за информирање, извинувањето или јавното
повлекување на изјавата или содржината од ставот (1)
на овој член се објавува на истото место и во ист обем
во средство за информирање, како и информацијата на
која се реагира.
(3) Извинувањето или јавното повлекување од ставот (2) на овој член се објавува во средство за информирање или на друг начин достапно на јавноста најдоцна во рок од 48 часа од денот на доставувањето на
барањето.
Право на реагирање, демант, одговор и исправка
Член 13
(1) Ако навредата или клеветата е сторена по пат на
средство за информирање или компјутерски систем,
оштетениот има право да поднесе барање за објавување на одговор, демант или исправка во рок од седум
дена од денот кога дознал дека е објавена, но не подоцна од еден месец од нејзиното објавување.
(2) Средството за информирање од ставот (1) на
овој член го објавува демантот, одговорот или исправката во рок од два дена од доставувањето на барањето,
во првиот нареден број, ако се работи за периодични
изданија или во друго средство за информирање, ако се
работи за непериодична публикација.
(3) Демантот, одговорот или исправката се објавува
на истото место или време и во ист обем, како и информацијата на која се реагира (наслов, наднаслов, поднаслов, текст во пишани средства за информирање или
веб- страница, најава во информативна програма, прилог).
(4) Објавувањето на демантот, одговорот или исправката може да се одбие, ако:
1) барањето не е доставено во рокот определен во
ставот (1) на овој член;
2) одговорот содржи навреда или клевета и
3) одговорот е во спротивност на со закон заштитените интереси на трети лица.
Надоместување на штетата
Член 14
Оштетениот има право на надоместување на нематеријална и материјална штета предизвикана со навреда или клевета, согласно со закон.
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents