ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА УКАЖУВАЧИ КОНСОЛИДИРАН ТЕКСТ 1Закон за заштита на укажувачи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 196/2015 и 35/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 257/2020). Цел на законот Член 1 Со овој закон се уредуваат заштитеното пријавување, во јавниот и приватниот сектор, заради заштита на јавниот интерес, правата на укажувачите, како и постапувањето и должностите на институциите, односно правните лица во врска со заштитено пријавување и обезбедувањето заштита на укажувачите. Значење на изразите Член 2 (1) Заштитено пријавување во смисла на овој закон е пријавување односно откривање со кое согласно со овој закон се пренесува разумно сомневање или сознание дека е извршено, се извршува или е веројатно дека ќе се изврши казниво, неетичко или друго незаконито или недозволиво постапување со кое се повредува или загрозува јавниот интерес. (2) Укажувач во смисла на овој закон е лице од категориите утврдени со ставот (3) на овој член кое со добра намера врши заштитено пријавување согласно со овој закон. (3) Категории на лица кои согласно со овој закон можат да се јават во својство на укажувачи се: - лицe коe има засновано работен однос на неопределено или определено време во институцијата, односно правното лице за каде пријавува; - кандидат за вработување, кандидат за волонтер или практикант во институцијата односно правното лице за каде пријавува; - лице кое е или било волонтер или практикант во институцијата, односно правното лице за каде пријавува; - лице кое по било кој основ е или било ангажирано за извршување на работа од институцијата, односно правното лице за каде пријавува; - лице кои по било кој основ е или било во деловен однос или друг однос на соработка со институцијата, односно правното лице за каде пријавува; - лице кое користи или користело услуги во институцијата, односно правното лице во јавниот и приватниот сектор за каде пријавува. (4) Под поимот институција во смисла на овој закон се подразбира орган на државната и локалната власт, друг државен орган основан согласно Уставот на Република Македонија и со закон, агенција, фонд, јавна установа или јавно претпријатие основано од Република Македонија или од општина, градот Скопје, и општина во градот Скопје, како и друга ин��титуција регистрирана како правно лице со доминантна или целосна сопственост на државата. (5) Под поимот правно лице во смисла на овој закон се подразбира правно лице регистрирано во трговскиот регистар или регистарот на други правни лица кои ги води Централниот регистар на Република Македонија, а кое не е опфатено со поимот институција од ставот (4) на овој член. (6) Под поимот јавен интерес во смисла на овој закон се подразбира заштита на основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот

Select target paragraph3