V.2. Oбезбедување на аудиовизуелни медиумски услуги по барање
(нелинеарни аудио и аудиовизуелни медиумски услуги)
Член 56
Обезбедување на аудиовизуелни медиумски услуги по барање
(1) Давателот на аудиовизуелни медиумски услуги по барање е должен пред да започне со
обезбедување на одреден вид аудиовизуелна медиумска услуга по барање да достави пријава за
евидентирање во регистарот на даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање кој се
води во Агенцијата, за што Агенцијата му издава потврда за регистрација.
(2) Пријавата се доставува на образец изготвен од Агенцијата и истиот се објавува на веб
страницата на Агенцијата.
(3) Пријавата особено треба да содржи:
- назив на услугата и нејзина идентификација,
- фирмата, седиштето и даночниот број на давателот на аудиовизуелни медиумски услуги по
барање, како и името и презимето на одговорното лице на давателот на аудиовизуелни
медиумски услуги по барање,
- видот на услугата и краток опис на истата и
- датум на започнување со обезбедување на услугата.
(4) Со пријавата од ставот (3) на овој член се доставува извадок од Централниот регистар и
технички опис со детални технички карактеристики за начинот на кој ќе се обезбедува услугата.
(5) Доколку пријавата не е целосна согласно со ставовите (3) и (4) на овој член, Агенцијата
писмено ќе го извести подносителот на пријавата истата да ја дополни и достави во рок од десет
дена од денот на приемот на известувањето.
(6) Агенцијата не смее да одбие да го евидентира давателот на аудиовизуелни медиумски услуги
по барање во регистарот на даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање, односно да
ја издаде потврдата од ставот (1) на овој член доколку пријавата ги содржи сите податоци од
ставовите (3) и (4) на овој член.
(7) Агенцијата е должна потврдата од ставот (1) на овој член да ја издаде во рок од пет работни
дена од денот на приемот на пријавата, односно од денот на истекот на дополнителниот рок од
ставот (5) на овој член, доколку пријавата ги содржи сите податоци од ставовите (3) и (4) на овој
член.
(8) Доколку Агенцијата не постапи согласно со ставот (7) на овој член се смета дека потврдата за
регистрација е издадена.
(9) Давателот на аудиовизуелни медиумски услуги по барање е должен да ја извести Агенцијата
за секоја промена на податоците наведени во пријавата во рок од 30 дена од денот на
настанатата промена. Агенцијата е должна да ја внесе промената на податоците во регистарот на
даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање, во рок од три дена од денот на приемот
на известувањето.
Seleccionar párrafo de destino3
Conectar a un párrafo
Connect to an entity
Disable highlights
Añadir a la tabla de contenidos