Член 57 Регистар на даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање (1) Агенцијата води регистар на даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање, кој особено треба да ги содржи: - фирмата и седиштето, како и име и презиме на одговорното лице на давателот на аудиовизуелни услуги по барање, - начинот на кој се обезбедува услугата, - подрачјето на кое се врши дејноста, - видот на услугата и краток опис на истата и - датумот на започнување со обезбедување на услугата, како и секоја извршена промена при обезбедувањето на услугата. (2) Агенцијата ги објавува на својата веб страница податоците од регистарот од ставот (1) на овој член имајќи ја ��редвид заштитата на личните податоци. (3) Формата и содржината на регистарот од ставот (1) на овој член ги пропишува Агенцијата. Член 58 Бришење од регистарот на даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање Агенцијата ќе го избрише давателот на аудиовизуелни медиумски услуги по барање од регистарот од членот 57 од овој закон, доколку: - давателот на аудиовизуелни медиумски услуги по барање во писмена форма ја извести Агенцијата дека престанал да ја врши дејноста, - давателот на аудиовизуелни медиумски услуги по барање престане да ја извршува дејноста во период подолг од една година, - давателот на аудиовизуелни медиумски услуги по барање повеќе не ги исполнува техничките услови за пренос на аудиовизуелни програми, - давателот на аудиовизуелни медиумски услуги по барање не започне да ја врши дејноста во рок од три месеци од датумот за започнување на обезебедување на услугата наведен во пријавата од членот 56 став (3) од овој закон, - на давателот на аудиовизуелни медиумски услуги по барање со правосилна судска одлука му е забрането вршење на дејност и - давателот на аудиовизуелни медиумски услуги по барање престанал да постои. Член 59 Надоместок за обезбедување на аудиовизуелни медиумска услуга по барање За обезбедување на аудиовизуелни медиумски услуги по барање се плаќа годишен надоместок за надзор на сметка на Агенцијата согласно со членот 142 од овој закон.

Seleccionar párrafo de destino3

Conectar a un párrafo
Connect to an entity
Disable highlights
Añadir a la tabla de contenidos