- сопственичката структура, односно податоци за називот и седиштето на правните лица или името
и местото на престојување на физичките лица кои се сопственици на акции или на удел кај
издавачот на медиумот, со податоци за процентот на акциите или уделот кој го стекнале и датумот
на стекнување,
- податоци за одговорниот уредник/уредници,
- податоци за изворите на финансирање на радиодифузерот во претходната година (реклами,
спонзорство, продажба на содржини, услуги обезбедени на трети страни и слично),
- податоци за остварените вкупни приходи и расходи на радиодифузерот во претходната година од
обезбедувањето на дејноста и
- податоци за просечната гледаност или слушаност на радиодифузерот во претходната година.
2 Издавачите на печатен медиум се должни податоците од ставот 1 алинеја 1 на овој член да ги
објават во најмалку еден дневен весник, еднаш годишно, најдоцна до 31 март во тековната година
и исечок од објавата да му достават на надлежното регулаторно тело во рок од 15 дена од денот
на објавувањето.
3 Радиодифузерите се должни податоците од ставот 1 алинеи 1, 2 и 3 на овој член да ги објават и
на сопствената програма, најмалку три пати годишно, во ударни термини и снимката од објавата
да му ја достават на надлежното регулаторно тело во рок од 15 дена од денот на објавувањето на
начин пропишан од страна на надлежното регулато��но тело.
4 Обрасците од ставот 1 на овој член се објавува на веб страницата на надлежното регулаторно
тело.
5 Радиодифузерите се должни на надлежното регулаторно тело да му достават писмен извештај,
за спроведување на обврските утврдени во дозволата за радио или телевизиско емитување, а
особено за спроведувањето на програмскиот концепт, најдоцна до 31 март во тековната година. Во
прилог на извештајот се доставува и информација за техничките средства преку кои се емитува
или реемитува нивниот програмски сервис во Република Македонија или надвор од неа.
Писмениот извештај се доставува на образец кој го пропишува надлежното регулаторно тело.
6 Надлежното регулаторно тело писмено ќе го опомене издавачот на медиумот кој нема да ги
изврши обврските предвидени со овој член и ќе му даде дополнителен рок кој не може да биде
пократок од 45 дена а во кој издавачот на медиумот ќе биде должен да ги изврши обврските од
овој член. Доколку издавачот на медиум и во дополнителниот рок не ги изврши обврските
предвидени со овој член, надлежното регулаторно тело ќе ја одземе дозволата за телевизиско или
радио емитување согласно со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
7 Издавач на печатен медиум е должен на Националната и Универзитетската библиотека на
Република Македонија бесплатно да и доставува примерок од секој издаден број на печатен
медиум.
8 Одредбите од овој член не се однесуваат на јавниот радиодифузен сервис.
Заштита на конкуренцијата кај издавачите на медиуми
Член 16
На издавачите на медиуми соодветно се применуваат прописите за заштита на конкуренцијата кои
важат во Република Македонија.
Центар за развој на медиуми
Ул. Македонија бр. 11/1-5, 1000 Скопје
Тел/факс: +389 2 3136 340
www.mdc.org.mk
Seleccionar párrafo de destino3
Conectar a un párrafo
Connect to an entity
Disable highlights
Añadir a la tabla de contenidos