ЗАКОН ЗА МЕДИУМИ1
Предмет
Член 1
1 Со овој закон се пропишуваат основните начела и услови што треба да бидат исполнети од
страна на издавачите на медиуми утврдени со овој закон при вршење на дејноста, како и
обезбедување на заштита на малолетни лица, одговорен уредник и уредништво, правото на
новинар да го изнесе своето мислење и став и да одбие да изврши налог, односно задача,
заштита на изворот на информации, импресум, јавност во работата на издавачот на медиум и
правото на исправка и одговор на објавена информација.
2 Предмет на овој закон не се содржините што се објавуваат во медиум и ниту една одредба од
овој закон не смее да се толкува на начин што ќе значи регулација на содржините.
Дефиниции
Член 2
Одделни изрази, во смисла на во овој закон, го имаат следново значење:
1. Медиуми се средства за јавно информирање, односно каков било вид на комуникација како
весници, магазини, програми на радиото и телевизијата, телетекст и други средства за дневно или
периодично објавување на уреднички обликувани содржини во пишана форма, звук или слика, со
цел да се информираат и задоволат културните, образовните и другите потреби на пошироката
јавност. Медиуми не се билтени, каталози и други форми на публикации, независно од средството
за објавување, наменети исклучиво за огласување, образовниот систем или за деловна
коресподенција, за работата на трговските друштва, установите, здруженијата, политичките
партии, државните и судските органи, јавните претпријатија, правни лица со јавни овластувања и
верските организации. За медиуми не се сметаат и весниците и билтените на образовните
институции, “Службен весник на Република Македонија“, публикациите на единиците на локалната
самоуправа, плакатите, летоците, проспектите и транспарентите;
2. Содржини на медиум (во натамошниот текст: содржини) се сите видови на информации (вести,
мислења, известувања, извештаи и други информации), како и авторски дела кои се објавуваат,
односно емитуваат преку медиум;
3. Издавач на медиум е физичко или правно лице кое врши дејност на издавање на печатен
медиум, или емитување на радио и телевизиски програми (радиодифузери);
4. Новинар е лице кое врши активности на прибирање, анализа, обработка, обликување и/или
класифицирање на информации кои с�� објавуваат во медиум и е вработен кај издавач на медиум
или има склучен договор со истиот или е лице кое врши новинарска дејност како самостојно
занимање (слободен новинар) и
5. Надлежно регулаторно тело е Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
1
Овој текст претставува неофицијален пречистен текст на Законот за медиуми (Сл. весник бр. 184/2013 и Сл.
весник бр. 13/2014) изработен од страна на Центар за развој на медиуми
Центар за развој на медиуми
Ул. Македонија бр. 11/1-5, 1000 Скопје
Тел/факс: +389 2 3136 340
www.mdc.org.mk