Стр. 28 - Бр. 251 22 ноември 2022 - работи во согласност со законите, другите прописи и општи акти на Република Северна Македонија, а особено оние кои се однесуваат на вршење на дејноста производство на електрична енергија, заштита на конкуренцијата, заштита на потрошувачите, заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето и заштита при работа. 13. Мерење на произведената електрична енергија и моќност Мерењето на произведената, односно испорачаната електрична енергија во електродистрибутивниот систем се врши во пресметковното мерно место на начин и постапка утв��дени согласно Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија. 10. Обврска за доставување на Годишен извештај за работењето Носителот на лиценцата е должен до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија најдоцна до 31 март во тековната година да достави Годишен извештај за работењето, вклучувајќи го и извештајот за финансиското и деловното работење во претходната година. Годишниот извештај со сите прилози задолжително се доставува и во електронска форма. Годишниот извештај треба да содржи податоци за: 1) опис и обем на вршењето на енергетската дејност во текот на годината, 2) годишна завршна сметка со сите прилози, 3) преземени мерки во текот на извештајната година за: - заштита на објектите и опремата од надворешни влијанија и хаварии и осигурување на објектите и опремата за вршење на енергетска дејност, - безбедност и здравје при работа, - кадровска екипираност, обука и стручно усовршување на вработените, - заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето, - извршување на мониторинг на работењето, - вршење на дејноста во услови на кризна состојба, промена на условите на светскиот пазар, како и воена и вонредна состојба, 4) извршување на годишната програма за ремонти, 5) реализирање на планот за работа кој што се однесува на соодветната година, 6) извршени инспекциски надзори и контроли од страна на надлежни инспекциски и други државни органи, со приложени фотокопии на записниците, извештаите и решенијата од извршените надзори и контроли. 14. Менување, продолжување, пренос, престанување, суспендирање и одземање на лиценцата Менување, продолжување, пренос, престанување, суспендирање и одземање на оваа лиценца ќе се врши во согласност со одредбите од Законот за енергетика* и Правилникот за лиценци. 11. Доверливост на информациите Носителот на лиценцата е должен во согласност со закон, да обезбеди и да гарантира доверливост на деловните податоци и информации при вршењето на енергетската дејност производство на електрична енергија. 12. Квалитет на услугата Носителот на лиценцата е должен да обезбеди технички средства и други услови кои ќе овозможат постојан квалитет на произведената електрична енергија, согласно Мрежните правила за дистрибуција на ел��ктрична енергија. Носителот на лиценцата е должен да врши постојан мониторинг на параметрите кои го определуваат квалитетот на произведената електрична енергија и по барање на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, да доставува писмен извештај за движењето на сите параметри кои што го определуваат квалитетот на произведената електрична енергија во определен временски период. 15. Мерки во случај на неисполнување на обврските на носителот на лиценцата Ако носителот на лиценцата не ги исполнува обврските содржани во оваа лиценца, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија ќе преземе мерки согласно Законот за енергетика* и Правилникот за лиценци. 16. Производни капацитети со кои се врши енергетската дејност Носителот на лиценцата ја врши енергетската дејност производство на електрична енергија од фотонапонска електроцентрала со следните технички карактеристики: а) назив на фотонапонска електроцентрала: ФЕЦ “ИНЕКС ГОРИЦА” б) моќност на фотонапонска електроцентрала по фотонапонски панели: 218,7 kW в) моќност на фотонапонска електроцентрала по инвертори: 184 kW г) година на почеток и завршеток на градба и почеток со работа: 2022 година д) проценет животен век на ФЕЦ: 35 години е) податоци за опрема: - тип и производител на фотонапонски панели: Luxor Solar GmbH LX 450M - број на фотонапонски панели: 486 - моќност на фотонапонски панели: 450 W - тип, производител и номинални податоци на инвертор: FRONIUS ECO, моќност 27 kW, 6 инвертори FRONIUS SYMO, моќност 15 kW, 1 инвертор FRONIUS SYMO, моќност 7 kW, 1 инвертор ж) годишно сончево зрачење на таа локација: 1.425,48 kWh/m2 з) очекувано годишно производство на електрична енергија: 319.648 kWh. __________ Në bazë të nenit 24, paragrafi (1), pika 1, nënparagrafi 17 të Ligjit të Energjetikës* ("Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë" nr. 96/18 dhe "Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut" nr. 96/19 dhe 236/22) dhe nenit 13 të Rregullores së Licencave („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut“ nr. 51/19, 54/19, 214/19, 114/20, 246/20 dhe 44/21), Komisioni Rregullator i Energjetikës dhe i Shërbimeve të Ujit i Republikës së Maqedonisë së Veriut, në seancën e mbajtur më 121nëntor 2022, solli këtë

Sélectionner le paragraphe cible3

Se connecter à un paragraphe
Connect to an entity
Disable highlights
Ajouter à la table des matières