Стр. 22 - Бр. 251 22 ноември 2022 Огласи БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА Банкарската гаранција за сериозноста на понудата за секоја градежна парцела е утврдена согласно со Табеларен преглед даден во оваа објава. РОКОВИ Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 20.12.2022 година електронски на следната интернет-адреса:www.gradezno-zemjiste.mk. Јавното наддавање ќе се оддржи електронски на следната интернет-страница www.gradezno-zemjiste.mk. Јавното наддавање ќе започне на 22.12.2022 година и истото ќе трае 15 (петанаест минути) по долунаведениот распоред: - Во 9:00 часот за градежна парцела ГП Н2 - Во 9:15 часот за градежна парцела ГП 103 - Во 9:30 часот за градежна парцела ГП 99 - Во 9:45 часот за градежна парцела ГП 5.12 - Во 10:00 часот за градежна парцела ГП 5.13 - Во 10:15 часот за градежна парцела ГП 104/10 ПОСТАПКА 1. Комисијата ги известува подносителите на пријавите за комплетираноста на истите по електронски пат, во рок од 24 часа по истекување на рокот за поднесување на истите, при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација им доставува корисничко име и лозинка за учество на електронското јавно надда��ање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање. 2. На денот на одржување на електронското јавно наддавање учесниците пристапуваат на интернет страната со корисничкото име и лозинката која ја добиле на е-mail адресата доставена во прилог на пријавата за учество на јавното наддавање. 3. Електронското јавно наддавање може да отпочне со најмалку еден учесник во јавното наддавање, за секоја градежна парцела посебно. 4. Електронското јавно наддавање го следи Комисија, формирана од Градоначалникот на Општина Штип. 5. Електронското јавно наддавање започнува со објавување на почетната цена на земјиштето по метар квадратен, а се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците. 6. Наддавањето се врши „чекорно“ со зголемување на вредноста со секој „чекор“ не помалку од 10 денари за табеларни прегледи бр. 2, 3 и 4 и не помалку од 164 денари за табеларен преглед бр. 1. 7. Електронското јавно наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во оваа објава, при што доколку во истекот на последните две минути од определено време за траење на јавното надавање, од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за периодот од следните две минути нема нова дадена понуда. Јавното надавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда. 8. Учесникот на јавното наддавање кој понудил најголема цена се стекнува со статусот најповолен понудувач. 9. Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање и електронски го доставува до сите учесници на јавното наддавање. 10. По завршување на постапката за јавно наддавање, Комисијата е должна во рок од три работни дена да достави барање за мислење до Државното правобранителство на Република Северна Македонија по однос на нацрт-текст на договорот за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија. 11. Државното правобранителство на Република Северна Македонија е должно да достави мислење по однос на нацрт-текст на договорот за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија во рок од 30 дена од добивањето на барањето за мислење. Доколку во рок од 30 дена Државното правобранителство на Република Северна Македонија не достави мислење, ќе се смета за позитивно. 12. По прибавување на позитивно мислење од Државното правобранителство на Република Северна Македонија, Комисијата во рок од три работни дена до најповолниот понудувач доставува известување за избор на најповолен понудувач. 13. Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 (петнаесет) дена од добивањето на известувањето за избор на најповолен понудувач да ги уплати средствата согласно постигнатат крајна цена од наддавањето и трошоците на постапката во износ од 10 % од вредноста на банкарската гаранција за сериозност на понудата, но не повеќе од 15.000,00 денари и до Комисијата да достави доказ за извршена уплата и целокупната документација потребна за учество на јавното наддавање (во оригинал или копија заверена на нотар). 14. Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средства во утврдениот рок, банкарската гаранција за сериозност на понудата се активира и нема да се пристапи кон склучување на договор и истиот нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната градежна парцела. 15. Доколку најповолниот понудувач ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од јавното наддавање во утврдениот рок, а врз основа на доставената документација не може да се склучи договор, уплатените средства за отуѓување на градежното замјиште не му се враќаат, банкарската гаранција за сериозноста на понудата се активира и нема да се пристапи кон склучување на договор. 16. Во рок од пет работни дена по доставување на доказ за извршена уплата и доставување на целокупната документација потребна за учество на јавното наддавање, градоначалникот на Општина Штип во име на Република Северна Македонија склучува договор за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија. 17. По склучување на договорот Општина Штип во рок од еден ден, електронски го доставува договорот до Одделението за администрирање на приходи за утврдување на данок на промет на недвижности.Купувачот е должен во рок од 15 дена од добивање на решението за утврдување на данокот на промет на недвижности да го плати данокот и да достави доказ за извршена уплата. 18. По доставувањето на доказ за извршена уплата на данок на промет на недвижности, купувачот во рок од 15 дена електронски го доставува договорот кај нотар заради вршење на солемнизација. Купувачот е должен солемнизацијата да ја изврши во рок од 30 дена од доставување на договорот кај надлежен нотар. 19. Неисполнувањето на обврските од точките 16, 17 и 18 од оваа објава по вина на купувачот претставуваат основ за еднострано раскинување на договорот при што 80 % од вкупната сума од отуѓувањето не се враќаат на купувачот.

Sélectionner le paragraphe cible3

Se connecter à un paragraphe
Connect to an entity
Disable highlights
Ajouter à la table des matières