22 ноември 2022 Бр. 251 - Стр. 23 Огласи 20. Со договорот купувачот се обврзува да прибави одобрение за градење на предвидениот објект од надлежниот орган во рок од 9 (девет) месеци од извршената солемнизација на договорот каде што предмет на договор е градежна парцела со површина до 5.000 м2, односно во рок од 12 (дванаесет) месеци од извршената солемнизација на договорот каде што предмет на договорот е градежна парцела над 5.000 м2 и е должен земјиштето да го изгради согласно со урбанистичкиот план по кој истото е отуѓено. Купувачот е должен да го изгради објектот согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено, во рок не подолг од 10 (десет) години од добивање на правосилно одобрение за градење. во спротивно, доколку купувачот не извади одобрение за градење во предвидениот рок, односно доколку објектите не се изградат во определениот рок по вина на купувачот, истиот ќе има обврска да плаќа договорна казна во висина од 1,5 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во првата година од истекот на рокот, односно 3 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во втората година од истекот на рокот, односно 4,5 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во третата и секоја наредна година од истекот на рокот. 21. Најповолниот понудувач се обврзува да го плати данокот на промет што ќе произлезе како обврска по склучениот догвор за отуѓување на градежно земјиште. 22. Минималниот процент кој треба да биде изграден од вкупно развиената површина за градење предвидена со урбанистичкиот план за предметната градежна парцела не смее да биде помалку од 30 %. 23. Сопственикот на градежното земјиште стекнато во постапка за отуѓување по пат на јавно наддавање не смее истото да се пренесува на трети лица, пред исполнување на обврските од договорот за отуѓување на истото. Забраната за пренесување на трети лица се прибележува во јавната книга за запишување на правата на недвижности. 24. Во цената на градежното земјиште не е вклучен надоместокот за уредување на градежното земјиште. 25. Трошоците за нотарската процедура и воведувањето во евиденцијата на недвижностите во Агенцијата за катастар за недвижности паѓаат на товар на купувачот на градежното земјиште. 26. Незадоволните учесници на јавното наддавање можат да изјават приговор до Комисијата во рок од 3 (три) дена од одржаното електронско јавно наддавање. По приговорот Комисијата е должна да одлучи во рок од 5 (пет) дена од приемот на истиот. 27. Против решението донесено од страна на комисијата, со кое се одлучува по поднесен приговор, странката има право да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. 28. Банкарската гаранција за сериозноста на понудата за секоја градежна парцела ќе важи до 18.2.2024 година за најповолните понудувачи, а за сите останати по завршување на јавното наддавање. Оваа објава ќе биде објавена и на WEB-страницата на Општина Штип, www.stip.gov.mk. Претседател на комисија за спроведување на постапка за јавно наддавање ЈАВНИ НАБАВКИ ОГЛАС ЗА ЈАВНА НАБАВКА Број на оглас: 19890/2022 ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН I.1) Податоци за договорниот орган I.1.1) Назив на договорниот орган: ЈЗУ Клиничка Болница Тетово I.1.2) Адреса: „29 Ноември“ бр.16 I.1.3) Град и поштенски код: Тетово - 1200 I.1.4) Интернет адреса: I.1.5) Лице за контакт: Медиџеват Мухареми адреса на е-пошта: muharemix@hotmail.com телефон/факс: 044/362-506 I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат: на горенаведената адреса I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност: Правни лица основани за задоволување на потребите од јавен интерес – Член 9 став 1 алинеја б) од Законот – Здравство ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА II.1) Предмет на догово��от за јавна набавка: Тонери и рибони II.1.1) Објавување на проценета вредност: Не II.2) Вид на договорот за јавна набавка: Стоки - Купување со одложено плаќање II.2.1) Место на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите: II.3) Секторски договор: Не II.4) Централно тело: Не II.5) Групна набавка Не II.6) Електронски каталог: Не II.7) Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: II.8) Заеднички поимник за јавни набавки: Да Основен предмет на јавната набавка-Главен поимник Шифра Опис 30125100-2 - Тонери - кертриџи II.9) Делива набавка: Да Број на делови за кои можат да се поднесат понуди: Сите делови Дел број. Опис на делот за набавка 1. Оригинален или компатибилен (нерепариран, фабрички полнет) тонер за HP285 A или еквивалентно црна боја 2. Оригинален или компатибилен (нерепариран, фабрички полнет) тонер за HP 35 A или еквивалентно црна боја 3. Тонер за HP M102-A или еквивалентно 4. Оригинален или компатибилен (нерепариран, фабрички полнет) тонер за HP 283A или еквивалентно црна боја 5. Оригинален или компатибилен (нерепариран, фабрички полнет) тонер за HP M15w или еквивалентно црна боја 6. Оригинален или компатибилен (нерепаринан,фабрички полнет) тонер за XEROX 3020 или еквивалентно црна боја 7. Оригинален или компатибилен (нерепаринан,фабрички полнет) тонер за Samsung ML laser 2160 или еквивалентно црна боја

Sélectionner le paragraphe cible3

Se connecter à un paragraphe
Connect to an entity
Disable highlights
Ajouter à la table des matières