Број 251 22 ноември 2022, вторник година LXXVIII contact@slvesnik.com.mk www.slvesnik.com.mk ОГЛАСИ СОДРЖИНА Стечајни постапки......................................... Нотарски огласи............................................ Јавни објави на извршители......................... Неважечки документи................................... Огласи............................................................. Јавни набавки................................................. Стр. 1 2 9 10 13 23 СТЕЧАЈНИ ПОСТАПКИ Основниот граѓански суд Скопје, со Решение 4 Ст. бр. 155/22 од 8.11.2022 година, објавува дека се поведува претходна постапка за испитување на условите за отворање стечајна постапка над должникот Друштво за производство, трговија и услуги ХАЦИЕНДА РОСА ДООЕЛ Скопје од Скопје, со седиште на ул. „Ѓорѓи Кaпчев 12“ бр. 6 Скопје, со трансакциска сметка број 200003236679308 во Стопанска банка АД Скопје, трансакциска сметка број 210062970130177 во НЛБ банка АД Скопје, и трансакциска сметка број 250000100809107 во Шпаркасе банка Македонија АД Скопје, со единствен матичен број на субјектот на уписот 6297013, единствен даночен број 4030007010746 при УЈП – Регионална дирекција Скопје и шифра на дејност 82.11 – Конбинирани канцелариски и административни услужни дејности. Се закажува рочиште поради изјаснување по предлогот за отворање стечајна постапка на ден 14.12.2022 година во 9:30 часот, во судница број 6 на I кат. Се определуваат следните мерки за обезбедување: За привремен стечаен управник се определува лицето Драги Момировски од Скопје, ул. „Владимир Комаров“ бр. 13/27. Се задолжува привремениот стечаен управник да го заштити имотот на должникот со сите соодветни средства, да дава согласност на органите на управување на должникот за водење на работењето сѐ до донесување на одлуката за отворање стечајна постапка со цел да се избегне значително намалување на имотот и да испита дали должникот има имот над кој може да се отвори и е доволен за спроведување на стечајната постапка и намирување на трошоците на стечајната постапка и побарувањата на доверителите и да изготви извештај за економско-финансиската состојба на должникот. Се одредува општа забрана за располагање со имотот на должникот. Се забранува одредување или спроведување на присилно извршување или обезбедување против должникот. Се забрануваaт исплати од сметките на должникот. Се повикуваат должниците на должникот своите обврски да ги исполнуваат, а должниковите солидарни содолжници и гаранти без одлагање да ги исполнат своите обврски кон должникот. Се задолжува должникот да му овозможи на привремениот стечаен управник да влезе во неговите деловни простории за да може да ги спроведе потребните дејствија, како и да му допушти увид во трговските книги и во деловната документација. Се задолжува привремениот стечаен управник во прилог на извештајот за економско-финансиската состојба на должникот да ги достави и следните потврди: Потврда од Агенцијата за катастар на недвижности, Потврда од МВР, Потврда од Централен депозитар за хартии од вредност, Потврда од Заложен регистар, Потврда од Централниот регистар на РСМ, дали должникот располага со имот во друго трговско друштво. Да се објави оглас на веб-страницата на Централен регистар на Република Северна Македонија – Регионална регистрациона канцеларија – Скопје, во „Службен весник на Република Северна Македонија“, на огласната табла на судот и на веб-страницата на Основен граѓански суд Скопје. Од Основен граѓански суд – Скопје. (57781) __________ Основниот Граѓански суд Скопје, преку стечајниот судија Ирена Петрушевска со Решение I Ст. бр. 131/22 од 4.11.2022 година, објавува дека отвора стечајна постапка над должникот Друштво за консалтинг, промет и услуги ИМЕ КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје со седиште на ул. „8-Септември“ бр. 16, Скопје со трансакциска сметка број 270070421910162 во Халк банка АД

Sélectionner le paragraphe cible3

Se connecter à un paragraphe
Connect to an entity
Disable highlights
Ajouter à la table des matières