Стр. 18 - Бр. 251
22 ноември 2022
Огласи
3.2. Депозит – право на учество на јавно наддавање
имаат само лицата кои ќе достават доказ уплатница дека на јавното наддавање уплатиле депозит за учество
во јавно наддавање во висина на износот наведен во
колона 3 табела 1 на трезорска сметка на ФЗОМ и тоа:
Банка на примачот: НБРМ, Сметка 100000000066005,
сметка на корисник: 6602200032 531 56, приходна шифра и програма 723911 00, со цел на дознака „депозит
за учество на јавно наддавање за закуп на простор за
Ординација по гинекологија и акушерство“.
3.3. Уплатата извршена спротивно на точка 3.2 се
смета за ненавремена и лицата кои не ја извршиле навремено уплатата и не доставиле пријава согласно со
точка 3.1 немаат право на учество на јавно наддавање.
3.4. Уплатениот паричен депозит од најповолниот
наддавач се смета во закупнината.
ЊЕ
4. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНО НАДДАВА-
4.1. Заинтересираните лица треба да поднесат пријава за учество на јавно наддавање, во рокот утврден во
точка 3.1, во затворен плик со ознака за јавно наддавање за закуп на простор и опрема точка 1-Ординација
по гинекологија и акушерство во ЈЗУ Здравствен дом
Радовиш. Образецот за пријава може да се подигне во
Архивата на ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш секој работен ден од 8:00 до 14:00 часот.
Со самата пријава заинтересираните лица треба да
достават:
ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА
- Доказ за уплата на депозит;
- Изјава дека ги прифаќаат условите од точка 2.3. од
Огласот;
- Фотокопија од важечка лична карта /пасош;
- Доказ за завршено образование ори��инал или заверено на нотар;
- Лиценца за работа оригинал или заверена на нотар;
- Уредно полномошно за застапување во случај на
учество преку полномошник;
ЗА ПРАВНИ ЛИЦА
- Доказ за уплата на депозит;
- Изјава дека ги прифаќаат условите од точка 2.3. од
Огласот;
- Доказ за регистрација за правно лице од Централниот регистар на Република Северна Македонија (не
постар од шест месеци);
- Решение со кое се дава дозвола за почнување со
работа на здравствената установа од Министерството
за здравство на Република Северна Македонија;
- Уредно полномошно за застапување во случај на
учество преку полномошник.
5. ДЕН, ЧАС И МЕСТО НА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Усното јавно наддавање ќе се оддржи во просториите на ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш, со седиште на
ул. „Блаже Коневски“ бр. 1, на 5.12.2022 година во
12:00 часот.
6. ПОСТАПКА ЗА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
6.1. Постапката за јавно наддавање ја споредува Комисијата за располагање со недвижни движни ствари
на ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш. На денот на јавното
наддавање, може да учествува само физичко лице односно овластено лице на ПЗУ кои ги исполнува условите за Огласот и на чие име гласи уплатениот депозит.
Учесниците својот легитимитет за учество во наддавањето го потврдуваат со важачка лична исправа и уредено полномошно за полномошниците.
6.2. Јавното наддавање започнува со јавно соопштување на почетната цена утврдена во колона 3 табела 1
од Огласот.
6.3. Наддавањето се врши „чекорно“ со зголемување на вредноста со секој чекор, за износ не помал од
1.000 денари.
6.4. Учесникот во наддавањето кој понудил највисока цена која и по трипати соопштена не е наддадена
од друг учесник, се стекнува со статус најповолен наддавач.
6.5. Кога на јавното наддавање за давање под закуп
на просторот се јави само еден наддавач, кој ги прифаќа условите од огласот и го наддаде почетниот износ,
единствениот наддавач стекнува статус на најповолен
наддавач, со кој се склучува договор за закуп на простор.
6.6. По завршувањето на постапката за јавно наддавање, со најповолниот понудувач, во рок од пет работни дена по извршената уплата на закупнината на просторот, јавната здравствена установа склучува договор
за закуп на недвижните ствари. На договорот за закуп
на недвижните ствари соодветно се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи.
6.7. На учесниците во наддавањето што не добиле
статус на најповолен наддавач, средствата уплатени како депозит ќе им бидат вратени во рок од 8 (осум) дена
од денот на јавното наддавање.
6.8. Кога најповолниот наддавач не пристапи кон
склучување, односно не склучи договор за закуп, во
рок од 15 дена од денот кога најповолниот наддавач
требал да го склучи договорот, следно рангираните по
редослед наддавачи што ги исполниле условите и го
наддале почетниот износ, стекнуваат статус на најповолен наддавач и можат да пристапат кон склучување
на договорот.
6.9. Огласот ќе биде објавен во „Службен весник на
Република Северна Македонија“ и на огласната табла
во ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш. Лице за контакт и
информации, увид за јавното наддавање може да се добијат кај м-р Симона Цветаноски (тел. број 071/250514).
7. УСЛОВИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ДЕЈНОСТ НА ФИЗИЧКО И ПРАВНО ЛИЦЕ
7.1. Со склучување на Договор за закуп на простор
склучен помеѓу ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш, физичкото лице или правно лице избран за најповолен понудувач согласно спроведената постапка не се стекнува
по автоматизам и со лиценца за вршење на дејност во
мрежата на здравствени установи.
7.2. Склучувањето на договор за лиценца за вршење
на здравствена дејност во мрежата на здравствените установи се стекнува исклучиво по спроведена постапка
што се води во Министерството за здравство согласно
Законот за здравствена заштита и според потребите за
вршење здравствена дејност утврдена во Уредбата за
мрежата на здравствени установи.
Согласно со претходно наведеното физичкото или
правно лице кое е избрано за најповолен понудувач може да ја врши здравствената дејност за кое го има добиено просторот во ЈЗУ само доколку здравствената
установа добие дозвола за работа од Министерството
за здравство и склучи договор со ФЗО на РСМ, врз основа на договор за лиценца склучена со Министерството за здравство за да работи во мрежата и да работи
вон мрежата без да склучи договор со ФЗО на РСМ само со добивање на дозвола за работа.
7.3. Согласно со одредбите од член 318 став 3 и 4
од Законот за здравствена заштита на РСМ („Службен
весник на Република Македонија“ број 38/91, 46/93,
55/95, 10/2004, 84/2005, 111/2005, 65/2006, 5/2007,
Sélectionner le paragraphe cible3
Se connecter à un paragraphe
Connect to an entity
Disable highlights
Ajouter à la table des matières