(1) Службеното лице на имателот на информацијата е должно да подготви годишен извештај за спроведување на овој закон, да го достави до Агенцијата до 31 јануари во тековната година за претходната година и да го објави на веб страницата на имателот на информации од јавен карактер. (2) Извештајот од ставот (1) на овој член содржи: - податоци за службените лица определени за посредување со информации кај имателите на информации, број на примени барања, број на позитивно одговорени барања, - број на одбиени и отфрлени барања со наведување на причините за секое одбиено или отфрлено барање, број на неодговорени барања, - број на вложени жалби против првостепени одлуки (решенија на имателите на информации, со опис на одлуката, како и со наведување на причините за донесената одлука во случај на повторно одбивање на бараната информација, 11 број на усвоени жалби со одлука на Агенцијата, број на преиначени првостепени одлуки по постапување на Агенцијата, број на одбиени жалби од Агенцијата и причини за нивно одбивање и - број на отфрлени жалби од Агенцијата и причини за нивно отфрлање. (3) Агенцијата изготвува заеднички извештај за спроведување на овој закон врз основа на добиените податоци од извештаите од имателите на информации и спроведените надлежности и до 31 март во тековната година за претходната година го доставува на усвојување до Собранието на Република Македонија. (4) Извештајот од ставот (3) на овој член по усвојувањето од страна на Собранието на Република Македонија се објавува во средствата за јавно информирање (билтен, интернет страница). Член 37 Се ослободува од одговорност вработен кај имателот на информации кој ќе даде заштитена информација, доколку таа е од значење за откривање на злоупотреба на службената положба и коруптивно однесување, како и за спречување на сериозни закани по здравјето и животот на луѓето и загрозување на животната средина. VIII. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ Член 38 Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не определи службено лице определено за посредување при остварувањето на правото на слободен пристап до информации и не обезбеди информирање на јавноста за службеното лице согласно со членот 8 ставовите (1) и (2) од овој закон. Член 39 Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице кај имателот на информацијата доколку: постапи спротивно на членот 6 став (3) од овој закон, - редовно не ја води и ажурира листата на информации со кои располага и не ја објави на соодветен начин, достапен на барателот, согласно со членот 9 од овој закон, - не укажува помош при барањето на информациите во согласност со членот 11 од овој закон, - побара образложение од барателот на информацијата спротивно на членот 16 став (5) од овој закон, - во предвидениот рок од 20 дена, односно 30 дена, неосновано не овозможи пристап до информацијата согласно со членовите 21 и 22 од овој закон, - не води евиденција согласно со членовите 8 став (3) и 36 став (2) од овој закон, - наплати пристап до бараната информација спротивно на членот 10 став (3) од овој закон, 12 - не го спроведе решението на Агенцијата во рок од 15 дена од неговиот прием согласно со членот 27 став 4 од

Sélectionner le paragraphe cible3

Se connecter à un paragraphe
Connect to an entity
Disable highlights
Ajouter à la table des matières