(2) Информациите утврдени во ставот (1) на овој член, стануваат достапни кога ќе престанат причините за нивната недостапност. (3) По исклучок од ставот (1) на овој член имателите на информации ќе одобрат пристап до информација, по задолжително спроведениот тест на штетност со кој ќе се утврди дека со објавувањето на таквата информација последиците врз интересот кој се заштитува се помали од јавниот интерес утврден со закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата. (4) Ако документот или негов дел содржи информации од ставот (1) на овој член, што можат да се одвојат од документот без притоа да се загрози неговата безбедност, имателот на информации ги одвојува тие информации од документот и го известува барателот за содржината на останатиот дел од документот. Пристап до информации за трезорско работење Член 7 (1) Имателот на информации кој располага со податоци кои се однесуваат на плаќањата преку органот на државната управа кој е надлежен за трезорското работење, е должен да ја информира јавноста за податоците преку својата веб страница. (2) Формата и содржината на податоците од ставот (1) на овој член кои се објавуваат, како и начинот на нивното објавување ги пропишува министерот за финансии, а особено се однесуваат на: назив и сметка на налогодавач (буџетски корисник), расходно конто и назив, програма и назив, износ, назив и единствен даночен број на примач (само за правни лица) и назив на примач (само име и презиме кај физички лица). (3) Објавените лични податоци во врска со информациите од ставот (2) на овој член се достапни две години, од денот на објавата. (4) Надлежниот орган кој управува со Трезорот како организациона единица е должен да ја информира јавноста преку својата интернет страница со објавување на: листа на буџетските корисници и единки корисници и - периодични извештаи за наплатата на приходите и другите приливи и реализација на расходите и другите одливи на Буџетот на Република Македонија и буџетите на општините. II. СЛУЖБЕНО ЛИЦЕ ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ СО ИНФОРМАЦИИ Службено лице Член 8 (1) Секој имател на информации за посредување определува едно или повеќе службени лица при остварувањето на правото на слободен пристап до информации. (2) Имателите на информации се должни да обезбедат информирање на јавноста за службеното лице за посредување со информации. (3) Службеното лице за посредување со информации контактира и ги дава потребните информации и му помага на барателот на информации за што води посебна евиденција за примањето на барања за информации, чувањето и давање на информациите. (4) Повеќе иматели на информации можат заедно да определат едно или повеќе службени лица за посредување при остварувањето на правото на слободен пристап до информации.

Sélectionner le paragraphe cible3

Se connecter à un paragraphe
Connect to an entity
Disable highlights
Ajouter à la table des matières