Одредбите во договорите и актите со кои се склучуваат, односно уредуваат работни односи и
работни ангажмани, со кои се забранува пријавување на сомневање или сознание за казниво
дело или друго незаконито или недозволиво постапување со кое се повредува или загрозува
јавниот интерес, безбедноста и одбраната или пак таквото пријавување се дефинира како
прекршување на одредби за доверливост, лојалност и професионалност се сметаат за ништовни.
Надомест на штет
Член 13
(1) Укажувачот има право на надомест на штета што може да ја претрпи тој или нему блиско
лица поради заштитено пријавување. 4Текстот на оваа одредба, во која стои „нему блиско лица“,
е идентичен со текстот на член 13, став 1 од основниот Закон, објавен во „Службен весник на
Република Македонија“ бр. 196/2015.
(2) Барањето за надомест на штета од ставот (1) на овој член се остварува со поднесување на
тужба до надлежниот суд.
Злоупотреба на пријавувањето на укажувачот
Член 14
(1) Злоупотреба на пријавувањето на укажувачот е свесно пријавување невистинити
информации за физичко или правно лице со цел предизвикување на штетни последици за истото.
(2) Злоупотреба на пријавувањето на укажувачот е и доколку со должно внимание и совесно, до
степен до кој тоа го дозволуваат околностите, не проверил дали тие се точни и веродостојни.
(3) Со утврдување на злоупотребата од ставовите (1) и (2) на овој член се губи заштитата
обезбедена согласно со членот 8 од овој закон.
(4) Злоупотребата на пријавувањето на укажувачот поради која настанале штетни последици за
физичкото или правното лице е основ за поведување на постапка за утврдување на негова
одговорност согласно со закон.
Известување за примени пријави од укажувачи
Член 15
(1) Овластените, односно раководните лица на институциите, односно правните лица во јавниот
сектор до кои се пријавува согласно со членовите 4 и 5 од овој закон, се должни до Државната
комисија за спречување на корупцијата да доставуваат полугодишни извештаи за примени
пријави од укажувачи.
(2) Државната комисија за спречување на корупцијата е должнa до Собранието на Република
Македонија да достави годишен извештај за примени пријави од укажувачи во рамки на својот
годишен извештај за работа.
(3) Формата и содржината на полугодишните извештаи од ставот (1) на овој член се уредува со
внатрешните акти од членовите 4 и 5 од овој закон.
Надзор над спроведувањето на законот
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents