(3) Ако барателот не постапи согласно со ставот (1) на овој член, имателот на информацијата со решение ќе го
отфрли барањето.
(4) Против решението од ставот (3) на овој член барателот има право на жалба во рок од 15 дена од денот на
приемот на решението до Агенцијата.
(5) Ако барањето и по дополнувањето не ги исполнува условите од членот 16 на овој закон и поради тоа имателот
на информации не може да го разгледува барањето, имателот на информации ќе донесе решение со кое ќе го
отфрли барањето.
(6) Против решението за отфрлање на барањето од ставот (5) на овој член дозволена е жалба до Агенцијата во рок
од 15 дена од денот на приемот на решението.
Препраќање на барањето
Член 18
(1) Ако имателот на информации што го примил барањето не располага со бараната информација веднаш, а
најдоцна во рок од три дена од денот на приемот на барањето, е должен да го препрати барањето до имателот на
информации кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа да го извести барателот.
(2) Рокот за добивање на информацијата почнува да тече од денот на добивањето на барањето кај имателот на
информацијата на кој му е препратено барањето од ставот (1) на овој член.
Член 19
Постапката по барањето за пристап до информации кај имателот на информации ја спроведува службеното лице
од членот 8 од овој закон.
Постапување по барањето
Член 20
(1) Ако имателот на информации позитивно одговори на барањето или ако барањето делумно или целосно го одбие,
за тоа ќе донесе решение.
(2) Решението од ставот (1) на овој член, со кое барањето делумно или целосно е одбиено задолжително содржи
образложение за причините поради кои барањето е одбиено и за резултатите од спроведениот тест на штетност.
(3) Ако имателот на информацијата во рокот утврден во членот 21 од овој закон не му овозможи на барателот
пристап до информацијата и ако не донесе и не му достави на барателот решение се смета дека барањето е одбиено
по што барателот може да поднесе жалба до Агенцијата во рок од 15 дена.
Член 21
(1) Имателот на информацијата е должен веднаш да одговори по барањето на барателот, а најдоцна во рок од 20
дена од денот на приемот на барањето.
(2) Имателот на информацијата, информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе
постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да
Select target paragraph3
Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents