22 ноември 2022
Член 3
Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а истата ќе се објави во „Службен гласник на Општина Крива Паланка“ и во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Совет на Општина
Бр. 09-4346/23
Крива Паланка
Претседател,
14 ноември 2022 година
Крива Па��анка
Изабела Павловска, с.р.
__________
3689.
Врз основа на член 29 од Законот за меѓуопштинска
соработка („Службен весник на Република Македонија“ бр.79/09) и член 50 став (1) точка (16) од Законот
за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02), е склучен
ДОГОВОР
ЗА МЕЃУОПШТИНСКА СОРАБОТКА
На ден 14.11.2022 година, помеѓу:
1. ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА, застапувана од
Градоначалникот Сашко Митовски и
2. ОПШТИНА РАНКОВЦЕ, застапувана од Градоначалникот Борче Спасовски.
Член 1
Предмет на овој договор е заедничко вршење работи од надлежност на општините кои што се однесуваат
на противпожарната заштита што ја вршат територијалните противпожарни единица на Општина Крива
Паланка и Општина Ранковце во насока на превенција
и намалување на ризикот од катастрофи.
Член 2
Работите коишто ги вршат територијалните противпожарни единици на Општина Крива Паланка и Општина Ранковце се од областа на противпожарната
заштита согласно член 22 став (1) точка (11) од Законот за локалната самоуправа и се во насока на превенција и намалување на ризикот од катастрофи и се
состојат од:
- работи поврзани со прашања за следење, рана детекција, рана превенција и интервенција на територијалните противпожарни единици во случај на елементарна непогода за заштите на локалното население и
локалните ресурси на двете општини;
- заедничко користење на техничката опрема - дрон
за снимање на терен, преку која ќе се пријавуваат и
прибираат податоци кои се однесуваат на процесот на
рана детекција и превенција од елементарни непогоди
обезбедена од проектот „Безбедни граѓани и заштитени
ресурси, предуслов за одржлив развој“ финансиран од
Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП),
како и моторна пила за сечење на метал, дувалки за
воздух и напркњачи за гасење на пожар, огноотпорни
чизми, убодна пила за метал, пумпа за испумпување на
вода и ПП црева) поделени во еднаков однос за двете
општини за потребите на ТППЕ и во двете општини.
Бр. 251 - Стр. 51
Член 3
Општините ги имаат следните обврски:
- технички да ги опремат двете ТППЕ како носечки
субјекти во процесот на заштита на населението и локалните ресурси од елементарни непогоди;
- да креираат мобилна апликација преку која ќе се
пријавуваат и прибираат/обработуваат податоците а се
однесуваат на процесот на рана детекција и превенција
од елементарни непогоди, а трошоците за хостинг и одржување ќе биде на товар на имплементаторите на проектот;
- креирање на Стратегија за кризен менаџмент во
микрорегионот Крива Паланка-Ранковце за 2022-26 година;
- Подигање на јавната свест во однос на значењето
за рана детекција и превенција од елементарни непогоди и зачувување на локалните ресурси за одржлив развој, со заеднички активности и подеднакво кофинансирање од двете општини.
Член 4
Целта на соработката е намалување на ризикот од
катастрофи предизвикани од пожари во реонот на двете општини и зголемување на ефикасноста на ТППЕ на
Општина Крива Паланка и ТППЕ на Општина Ранковце при заштита на имот и лица од пожари и други елементарни непогоди преку заедничка интервенција на
припадниците на двете ТППЕ согласно меѓуопштинскиот стратешки план за намалување на ризици од катастрофи на општините Крива Паланка и Ранковце кој
ќе биде изработен во рамки на проектот „Безбедни граѓани и заштитени ресурси, предуслов за одржлив развој“ финансиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Член 5
За извршените работи од страна на територијалните противпожарни единици општините нема да
пресметуваат надоместок бидејќи работите се вршат
заеднички од територијалните противпожарни единица
на Општина Крива Паланка и Општина Ранковце за целото времетраење на овој Договор.
Член 6
Овој договор може да се раскине по слободна волја
на една од договорните страни, по претходно известување на другата договорна страна во рок од 30 дена.
Член 7
Договорните страни се согласни евнтуалните спорни односи да ги разрешуваат на спогодбен начин, а во
краен случај пред надлежен суд во Основен суд Куманово.
Член 8
Овој договор е склучен во (4) четири примероци од
кои по (2) два примероци за секоја од договорните
страни.
Бр. 08-4447/1
14 ноември 2022 година
Крива Паланка
Бр. 08-1254/1
15 ноември 2022 година
Ранковце
Општина Крива Паланка
Градоначалник,
Сашко Митовски, с.р.
Општина Ранковце
Градоначалник,
Борче Спасовски, с.р.
اختر الفقرة المستهدفة3
الاتصال بفقرة
Connect to an entity
Disable highlights
أضف إلى جدول المحتويات