Член 110
Обврски на МРТ во однос на програмите и програмските сервиси кои ги
емитува
МРТ е должна при производството и обезбедувањето на радио и телевизиските програми и
програмските сервиси од членот 107 од овој закон да:
- создава и емитува програми достапни за целокупната јавност во државата со цел за активно да
придонесува за создавање и развој на слободното мислење и информирање на јавноста и да
биде двигател на демократските процеси во државата,
- развива и планира програмска шема во интерес на целокупната јавност, а програмите да бидат
наменети за сите сегменти на општеството без дискриминација, притоа водејќи сметка за
специфичните општествени групи,
- обезбеди постојано, вистинито, целосно, непристрасно, праведно и навремено информирање
создавајќи и емитувајќи високо квалитетни програми за сите важни политички, економски,
социјални, здравствени, културни, образовни, научни, религиски, еколошки, спортски и други
настани и случувања во Република Македонија, земјите од Европа и од светот,
- ја промовира и унапредува културата на јавен дијалог и да овозможи арена за широка јавна
дебата по прашања од јавен интерес,
- не застапува и да не заштитува ставови или интереси на одредена политичка партија,
политички, религиски или други групи, а програмите кои ги создава и емитува да бидат
заштитени од влијание на власта, политички организации или други центри на економска и
политичка моќ,
- придонесува за почитување и промоција на основните човекови права и слободи, приватноста,
достоинството, угледот и честа на индивидуата, толеранцијата, разбирањето и почитувањето на
различностите, чувството за мир, правда, демократските вредности и институциите, заштита на
малолетници, еднаквоста меѓу половите, сузбивање на дискриминацијата и придобивките од
граѓанското општество,
- создава програми кои придонесуваат за негување и унапредување на знаењето и разбирањето
за културниот идентитет на заедниците, да ги почитува културните и религиозни разлики и да ја
поттикнува културата на јавен дијалог со цел да се зацврстува заемното разбирање и
толеранција за унапредување на односите меѓу различните заедници во мултиетничка и
мултикултурна средина,
- ја информира јавноста за регионалните и локалните посебности и настани во Република
Македонија и да обезбеди отворена и слободна расправа по сите прашања од јавен интерес,
- информира, едуцира и емитува емисии за зачувување на културното и природното наследство,
за заштита на околината и здравјето на луѓето, како и заштита на потрошувачите,
- информира и едуцира за другите култури, особено за Европските,
- информира и да емитува за настани за поврзани со функционирањето на меѓународните
организации и нивните институции, особено оние чија членка е Република Македонија или
планира да биде,
- ги негува и развива говорните и јазичните стандарди на сите заедници во Република
Македонија, како и на дијалектите кои се говорат во неа,
- ги негува, поттикнува и развива сите облици на домашно аудио и аудиовизуелно творештво кои
придонесуваат за развој на македонската култура и културата на заедниците кои живеат во
Република Македонија и да придонесува за нивна меѓународна афирмација,
- обезбеди продукција и емитување на македонски аудио и аудиовизелни дела на независни
продуценти,
- создава и емитува високо квалитетна програми со забавна содржина наменети за секоја
возраст,
- промовира наука и да создава и емитува високо квалитетни образовни емисии во рамките на
кои ќе биде дисеминирана цела палета на содржини од религиозни и социјални до научни и
технолошки/информатички тематики,
- поддржува создавање и развој на прекугранични радио и телевизиски проекти согласно со
меѓународните договори и соработката со радио и телевизиски радиодифузни компании од
соседните и други држави,
- емитува театарски содржини,
- промовира спорт и рекреативни активности и да пренесува спортски настани од земјата и
اختر الفقرة المستهدفة3
الاتصال بفقرة
Connect to an entity
Disable highlights
أضف إلى جدول المحتويات