странство на кои учествуваат македонските национални тимови или спортисти, како и помалку
застапените спортови, односно спортски настани,
- создава и емитува програми од национален интерес наменети за спречување на криминалот,
општествено неприфатливото и ризично однесување и промовирање на безбедноста во
заедницата,
- создава и емитува програми кои се однесуваат на поттикнување на претприемчивоста и
економијата,
- создава и емитува програми кои се однесуваат на поттикнување на медиумската писменост,
- емитува кинематографски играни, документарни и други филмови,
- планира, развива, прилагодува, создава и емитува програми наменети за лица со сетилна
попреченост, односно лица со оштетен слух и оштетен вид,
- создава и емитува програми наменети за информирање на иселениците и на граѓаните на
Република Македонија кои не живеат во неа и
- обезбеди услови за користење и развој на современи техничко-технолошки стандарди во
производството на програмата и да подготви план за премин во дигитална технологија, а особено
за премин во телевизија со висока дефиниција.
Ч��ен 111
Стандарди и начела
При продукција или презентација на програмите, новинарите и уредниците во МРТ, како и лицата
кои директно се инволвирани во производството и продукцијата на програмите во МРТ, покрај
другото се должни да:
- се придржуваат кон начелото на вистинитост, непристрасност и сеопфатноста на
информациите,
- се придржуваат кон начелото на политичка избалансираност и плурализам на гледишта,
- обезбедуваат непристрасни, сеопфатни и важни информации и истите да ги презентираат јасно,
недвосмислено и на начин на кој граѓаните ќе имаат можност слободно да го формираат своето
мислење,
- не застапуваат или фаворизираат ставови или интереси на одредена политичка партија,
здружение, личен интерес, религија или идеологија и во програмите еднакво да го уважуваат
мислењето и уверувањето на другите,
- ја почитуваат приватноста, достоинството, угледот и честа на индивидуата,
- се придржуваат кон начелото на уставност и законитост во формирањето на информациите и
програмите, вклучувајќи ја забраната за поттикнување на културна, етничка, религиозна,
полова, расна, национална или други форми на нетолеранција,
- се придржуваат кон начелото на политичка независност и автономија на новинарите,
- прават јасна разлика меѓу информација, односно настан и став и
- ги почитуваат критериумите за квалитет, стручност, културни вредности и професионална
компетентност во смисла на достигнатите национални и европски признати највисоки
професионални стандарди и етички принципи за независно новинарство и квалитетна програма.
Член 112
Архивирање на аудио и аудиовизуелните дела на МРТ
(1) МРТ е должна да обезбеди долгорочно архивирање на аудио и аудиовизуелните дела кои се
создаваат или се создале при вршењето на дејноста, како дел од аудиовизуелното богатство на
Република Македонија и да обезбеди нивно трајно користење со соодветен квалитет.
(2) Аудио и аудиовизуелните дела од ставот (1) на овој член се достапни за јавноста преку
плаќање на соодветен надоместок за обезбедување на нивна копија и испорака, по цена
базирана на реален трошок.
اختر الفقرة المستهدفة3
الاتصال بفقرة
Connect to an entity
Disable highlights
أضف إلى جدول المحتويات