7. Дополнителни услуги се аудиовизуелни медиумски услуги на обезбедување на содржини кои ги следат, односно ги надополнуваат аудиовизуелните програми кои се емитуваат преку електронски комуникациски мрежи. Пример за такви услуги меѓу другото се титлови, електронски програмски водич (EPG) и слично; 8. Емитување е изворно предавање на програми во аналоген или дигитален вид, наменети за прием од страна на јавноста што се распространуваат преку терестријален предавател, јавна електронска комуникациска мрежа или сателит; 9. Европски аудиовизуелни дела 1) европски аудиовизуелни дела, во смисла на овој закон, се: - делата што потекнуваат од државите членки на Европската унија, - дела што потекнуваат од трети европски држави кои се потписнички на Европската конвенција за прекугранична телевизија на Советот на Европа и кои ги исполнуваат условите од точката 3 на овој член и - дела произведени во копродукција во рамките на договори кои се однесуваат на аудиовизуелниот сектор склучени меѓу Европската унија и трети земји и кои ги исполнуваат условите дефинирани во секој од тие договори; 2) одредбите од точката 1 алинеи 2 и 3 на овој член ќе се применуваат условно за делата кои потекнуваат од држави членки на Европската унија, а не се предмет на дискриминаторски мерки во трети земји; 3) делата од точката 1 алинеи 1 и 2 на овој член се оние кои се произведени претежно од автори и работници со живеалиште во една или повеќе држави од точката 1 алинеи 1 и 2 на овој член, доколку исполнуваат еден од следниве услови: - да бидат произведени од еден или повеќе продуценти основани во една или повеќе од овие држави, - производството на делата е надгледувано и фактички контролирано од еден или повеќе продуценти основани во една или повеќе од овие држави или - уделот на копродуцентите од тие земји да преовладува во однос на вкупните трошоци за копродукција, а копродукцијата да не ја контролира еден или повеќе продуценти основани надвор од овие држави и 4) делата што не се европски, во смисла на точката 1 на овој член, туку се произведени во рамките на билатерални копродукциски договори потпишани меѓу државите членки на Европската унија и трети земји, ќе се сметаат за европски дела под услов копродуцентите од Европската унија да имаат мнозински удел во вкупните трошоци на продукцијата и продукцијата да не е контролирана од еден или од повеќе продуценти основани надвор од територијата на државите членки на Европската унија; 10. Македонски аудио или аудиовизуелни дела се делата изворно произведени од државјани на Република Македонија на македонски јазик, како и аудио или аудиовизуелни дела се делата изворно произведени од државјани на Република Македонија на јазиците на етничките заедници кои не се мнозинство во Република Македонија, како и делата на културното наследство во Република Македонија; 11. Независен продуцент е физичко или правно лице кое нуди продукција на аудио или аудиовизуелни дела, под услов: - да нема учество во капиталот на радиодифузерот повеќе од 25% и - радиодифузерот да нема учество во капиталот на продуцентот; 12. Програмски сервис или програмски канал е целина од програми и други елементи на една единствена аудио или аудиовизуелна медиумска ус��уга што ја обезбедува конкретен радиодифузер и што е наменета за прием од страна на јавноста; 13. Програма од сопствено производство е радио или телевизиска програма создадена по иницијатива и во организација на самиот радиодифузер. Како програма од сопствено производство се смета и програмата што се создава по нарачка на радиодифузерот (нарачана

اختر الفقرة المستهدفة3