продукција), како и програмата произведена во копродукција. Во програма од сопствено
производство не се смета рекламирањето, телешопингот и другите платени огласи;
14. Прикриени аудио или аудиовизуелни комерцијални комуникации е претставување со
зборови, звуци или слики на стоки, услуги, име, заштитен знак или активности на производител
на стоки или давател на услуги во програми, кога таквото претставување, од страна на давателот
на аудио или аудиовизуелната медиумска услуга е наменето да служи како реклама и може да ја
доведе јавноста во заблуда во врска со неговата природа. Таквото претставување се смета дека
е извршено со намера особено доколку е направено за паричен или сличен надоместок;
15. Пласирање производ е секоја форма на аудио или аудиовизуелно комерцијална комуникација
кое се состои од вклучување или посочување производ, услуга или заштитен знак во некоја
програма, така што тие се вградени во нејзиното дејствие, за паричен или друг вид надоместок;
16. Радио емитување e линеарна аудио медиумска услуга која ја обезбедува радиодифузер со
цел да овозможи истовремено слушање аудио програми врз основа на однапред утврден
хронолошки редослед на програмите (програмска шема);
17. Радиодифузер е давател на аудио или аудиовизуелни медиумски услуги за радио или
телевизиско емитување;
18. Реемитување на програмски сервиси е јавна електронска комуникациска услуга која ја
обезбедува оператор на јавна електронска комуникациска мрежа и претставува примање и
истовремено пренесување на радио или телевизиски програмски сервиси во целост и без каква
било модификација во нивната програмска содржина, што радиодифузерите ги емитуваат за
прием од страна на јавноста;
19. Рекламирање е секоја форма на огласување емитувано, односно објавено за паричен или за
друг вид надоместок или за самопромотивни цели на физичко или на правно лице во врска со:
- трговија, бизнис, зан��ет или професија со цел да се промовира понудата на производи и
услуги, вклучувајќи недвижен имот, права и обврски во замена за плаќање или
- популаризација на некоја идеја или активност или за постигнување друг ефект;
20. Спонзорство е секој придонес од правно или физичко лице кое не е вклучено во
обезбедувањето на аудио или аудиовизуелните медиумски услуги или во продукцијата на аудио
или аудиовизуелни дела, заради финансирање на аудио или аудиовизуелни медиумски услуги
или на програми, со цел да го промовира своето име, заштитен знак, имиџ, активности или
производи;
21. Телевизиско емитување e линеарна аудиовизуелна медиумска услуга која ја обезбедува
радиодифузер со цел да овозможи истовремено гледање аудиовизуелни програми врз основа на
однапред утврден хронолошки редослед на програмите (програмска шема). Телевизиското
емитување особено вклучува дигитално телевизиско емитување, пренос во живо (live streaming),
емитување преку веб (webcasting) или обезбедување на медиумска услуга приближна на видео
по барање;
22. Телевизиски или радио програмски сервис од општ формат е програмски сервис со програми
главно од информативен, образовен, културен и забавен вид;
23. Телевизиски или радио програмски сервис од специјализиран формат е програмски сервис со
најмалку 70% програми од ист вид (спортски, музички, културни, образовни, информативни или
друго);
24. Телешопинг е емитување директни понуди до јавноста на производи или услуги, вклучувајќи
недвижен имот, како и права и обврски во замена за плаќање. Директна понуда е секоја понуда
која покрај информациите за добавувачот, карактеристиките и/или цената на производот или