Член 14
(1) За писменото барање за пристап до информации одлучува имателот на информации во постапка утврдена со
овој закон.
(2) За прашања на постапката од ставот (1) на овој член кои не се уредени со овој закон, се применуваат одредбите
од Законот за општата управна постапка.
Поднесување на барањето
Член 15
(1) Барањето за пристап до информации го поднесува барателот до имателот на информации.
(2) Барањето од ставот (1) на овој член поднесено во електронска форма се смета за писмено барање од членот
14 од овој закон.
Содржина на барањето
Член 16
(1) Формата на образецот на барањето за пристап до информациите ја пропишува директорот на Агенцијата и
имателот на информацијата е должен да му го обезбеди образецот на барателот.
(2) Барањето се поднесува на образецот од ставот (1) на овој член или во друга форма и на начин согласно со
членот 12 став (1) од овој закон.
(3) Барањето содржи назив на имателот на информацијата, личното име и презиме на барателот на информацијата,
податоци за можниот застапник или ополномоштеното лице, фирмата или правното лице.
(4) Во барањето барателот е должен да ја наведе информацијата со која сака да се запознае и на каков начин сака
да се запознае со содржината на бараната информација (увид, препис, фотокопија, електронски запис).
(5) Барателот не е должен да го образложи барањето, но е потребно да наведе дека се работи за барање за пристап
до информации.
(6) Ако според предметот на барањето произлегува дека се работи за барање за пристап до информации согласно
со овој закон, имателот на информацијата задолжително го разгледува барањето во согласност со овој закон.
Дополнување на барањето
Член 17
(1) Ако барањето е непотполно и поради тоа имателот на информацијата не може да постапува, тој ќе побара од
барателот на информацијата да го дополни барањето, со укажување на последиците ако тоа не го направи.
Барателот е должен да го дополни барањето во рок од три дена од денот на известувањето за потребата од
дополнување на барањето, односно во рок од три дена од денот на приемот на известувањето за потребата од
дополнување на барањето.
(2) Службеното лице определено за посредување со информации е должно на барателот да му даде соодветна
помош при дополнување на барањето.
اختر الفقرة المستهدفة3
الاتصال بفقرة
Connect to an entity
Disable highlights
أضف إلى جدول المحتويات