22 ноември 2022 Бр. 251 - Стр. 19 Огласи 77/2008, 67/2009, 88/10, 44/11 и 53/11), постојаните приватни здравствени установи основани врз основа на закуп на простор на делови од јавните здравствени установи согласно Законот за здравствена заштита (во конкретен случај закупецот) престануваат со работа со денот на исполнувањето на услови за остварување на старосна пензија на здравствениот работник на кого му се издадени под закуп просторот и опремата, односно на негово барање, до денот на навршување 65 години возраст, а здравствените работници со средно, више и високо стручно образование во траење од три години, вработени во тие установи кои не исполниле услови за остварување на старосна пензија се преземаат од наредниот носител на лиценца. 7.4. По спроведената постапка за дадениот простор под закуп согласно со член 231 став 15 од Законот за здравствена заштита, ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш се обврзува да достави договор за закуп склучен помеѓу јавната здравствена установа и здравствената установа односно здравствениот работник закупец, јавната здравствена установа да го достави до Министерството за здравство на РСМ. Комисија за јавно наддавање на ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш Дипл. економист Јулија Стефанова, с.р. ___________ ОГЛАС Врз основа на член 262 од Законот за трговските друштва, управителот на Друштво за трговија и услуги БЕСТ ТРЕЈДИНГ КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје, со ЕМБС 7322267, со седиште на ул. „Македонија“ број 11/15, 1000, Скопје (во натамошниот текст „Друштвото“), лицето Кухонг Пенг, државјанин на Камбоџа, со адреса на живеење: #492/СТ. 369 Пхном Пенх, Цхбар Ампов 2/Цхбар Ампов, со број на пасош: Н01422860, објавува дека Друштвото има намера да ја намали основната главнина за вкупен номинален износ од 80.000,00 eвра во денарска противvредност според средниот курс на НБРСМ, по пат на намалување на номиналниот износ на паричниот влог на единствениот содружник Схавн Андре Скот. Намалувањето на основната главнина на Друштвото ќе се спроведе со намалување на паричниот влог во Друштвото на содружникот Схавн Андре Скот, за вкупен номинален износ од 80.000,00 евра, според средниот курс на НБРСМ. По исполнувањето на законските претпоставки, основната главнина на Друштвото запишана во Трговскиот регистар во износ од 405.071,00 евра, која се состои од паричен влог на единствениот содружник Схавн Андре Скот, во износ од 405.071,00 евра, ќе биде на��алена за вкупен номинален износ од 80.000,00 евра според среден курс на НБРСМ, изразен како паричен влог. По уписот на намалувањето на основната главнина во Трговскиот регистар, вкупната номинална вредност на основната главнина ќе изнесува 325.071,00 евра, која ќе се состои од паричен влог на единствениот содружник во износ од 325.071,00 евра. Врз основа на Решението на Централниот регистар на РСМ, со деловоден број 35020220030097 од ден 16.11.2022 година, Трговскиот регистар кој го води Централниот Регистар на РСМ, изврши предбележба на намерата за намалување на основната главнина врз основа на одлуката за намера за намалување на основната главнина од ден 8.11.2022 година. Следствено на наведеното, а во смисла на одредбите од Законот за трговските друштва, Друштвото се согласува на доверителите кои ќе поднесат барање до Друштвото во рок од 90 (деведесет) дена, сметајќи од денот на објавување на овој Оглас, да им ги исплати пристигнатите побарувања према Друштвото или да им даде соодветно обезбедување на нивните побарувања. Согласно со ова, се повикуваат доверителите на Друштвото во рок од 90 (деведесет) дена од денот на објавувањето на овој Оглас во „Службен весник на РСМ“, доколку имаат побарувања кон Друштвото, да поднесат писмено барање за нивна исплата или обезбедување. Во спротивно, со истекот на рокот од 90 (деведесет) дена, ќе се смета дека сите доверители се согласни со одлуката за намалување на основната главнина на Друштвото, по што ќе биде спроведен упис на намалувањето на основната главнина во Трговскиот регистар при Централниот регистар на Република Северна Македонија. Писмените барања за исплата или барањата за обезбедување на побарувањата према Друштвото, доверителите можат да ги достават на адресата на седиштето на Друштвото или на електронската пошта на Друштвото. БЕСТ ТРЕЈДИНГ КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје Управител, Кухонг Пенг, с.р. Преку полномошникот адвокат Мартин Бошкоски, с.р. (58039) __________ ОДЛУКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА МАЛОПРОДАЖНА ЦЕНА ЗА ПУРИ 1. Согласно со член 83 од Законот за акцизи став 3 „Сл. весник на РСМ“ бр. 108 (од 28.5.2019) Ви ги доставуваме малопродажните цени на следните модели на пури. 2. Оваа одлука ќе се применува од 25.11.2022 година. Лице за контакт: Васил Атанасов 070/204-742 vasil.atanasov@farel.mk / info@farel.mk Управител, Васил Атанасов, с.р. (58033)

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents