- „службено лице" е лице вработено кај имателот на информации назначено со акт на одговорното лице, кое
посредува со информациите од јавен карактер што ги создал или со кои располага имателот на информации
согласно со неговите надлежности, односно дејности,
- „тест на штетност" е задолжителна постапка која ја спроведува имателот на информацијата, пред да го одбие
пристапот согласно со членот 6 став (1) од овој закон, а со која ги проверува последиците врз интересот кој се
заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавување на информацијата и
- „јавен интерес" во остварувањето на правото на пристап до информации подразбира, но не се ограничува, на
интерес
за
информации,
со
чие
што
објавување,
односно
остварување
пристап:
1)
ќе
се
открие
злоупотреба
на
службена
положба
и
коруптивно
однесување;
2)
ќе
се
открие
противправно
стекнување
или
трошење
на
буџетски
средства;
3)
ќе
се
открие
потенцијален
судир
на
интереси;
4)
ќе
се
спречат
и
откријат
сериозни
закани
по
здравјето
и
животот
на
луѓето;
5)
ќе
се
спречи
и
открие
загрозување
на
животната
средина;
6) ќе се помогне да се разбере прашањето за кое се креира јавна политика или се води парламентарна дебата и
7) ќе се овозможи еднаков третман на секој граѓанин пред законите.
Слободен пристап до информации
Член 4
(1) Слободен пристап до информации имаат сите правни и физички лица.
(2) Слободен пристап до информации имаат и странски правни и физички лица во согласност со овој и друг закон.
Објавување на листа
Член 5
(1) Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер (во натамошниот
текст: Агенцијата) на својата интернет страница објавува листа на иматели на информации и на службените лица
на имателите на информации.
(2) Агенцијата редовно ја ажурира листата од ставот (1) на овој член. Агенцијата ажурирањето го врши во рок од
седум дена од добивањето на известувањето за службено лице на имател на информации од јавен карактер,
односно стекнување или губење на статус на имател на информации од јавен карактер.
Исклучок од слободен пристап до информации
Член 6
(1)
Имателите
на
информации
можат
да
одбијат
барање
за
пристап
до:
1) информација која врз основа на закон претставува класифицирана информација со соодветен степен на
класификација;
2) личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци;
3)
информација
чие
давање
би
значело
повреда
на
доверливоста
на
даночната
постапка;
4) информација стекната или составена за истрага, кривична или прекршочна постапка, за спроведување на
управна и на граѓанска постапка, а чие давање би имало штетни последици за текот на постапката;
5) информација која ги загрозува правата од индустриска или интелектуална сопственост (патент, модел, мостра,
стоковен и услужен жиг, ознака на потеклото на производот).