Слобода на изразување и слобода на медиумите Член 3 1 Се гарантира слободата на изразување и слободата на медиумите. 2 Слободата на медиумите особено опфаќа: слобода на изразување на мислења, независност на медиумите, слобода на прибирање, истражување, објавување, избор и пренесување на информации во насока на информирање на јавноста, плурализам и разновидност на медиумите, слобода на проток на информации и отвореност на медиумите за различни мислења, уверувања и за разновидни содржини, достапност до информациите од јавен карактер, почитување на човековата индивидуалност, приватност и достоинство, слобода за основање на правни лица за вршење на дејност за јавно информирање, печатење и дистрибуција на печатен медиум и другите медиуми од земјата и странство, производство и емитување на аудио/аудиовизуелни програми, самостојност на уредникот, новинарот, авторите или креаторите на содржини или програмските соработници и другите лица, а во согласност со правилата на професијата. 3 Слободата на медиумите може да биде ограничена само во согласност со Уставот на Република Македонија. 4 Издавачот на медиум е самостоен во уредничката политика, односно во спроведувањето на програмскиот концепт на медиумот и истиот е одговорен за своето работење согласно со овој и друг закон. Посебни забрани Член 4 Забрането е со објавувањето, односно емитувањето на содржини во медиумите да се загрозува националната безбедност, да се поттикнува насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија, да се повикува на воена агресија или на вооружен конфликт, да се поттикнува или шири дискриминација, нетрпеливост или омраза врз основа на раса, пол, религија или националност. 2 Посебните забрани од ставот 1 на овој член треба да бидат во согласност со практиката на Европскиот суд за човекови права. Основни услови за издавање на медиум Член 5 1 Правно или физичко лице може во Република Македонија да врши дејност на издавање на печатен медиум доколку дејноста ја впише во Трговскиот регистар или во регистарот на други правни лица што ги води Централниот регистар на Република Македонија и има седиште и уредништво во Република Македонија. 2 Правно или физичко лице може во Република Македонија да врши дејност на емитување на радио или телевизиски програми доколку дејноста ја впише во Централниот регистар на Република Центар за развој на медиуми Ул. Македонија бр. 11/1-5, 1000 Скопје Тел/факс: +389 2 3136 340 www.mdc.org.mk

Select target paragraph3