Македонија, има седиште и уредништво во Република Македонија и има дозвола за радио или
телевизиско емитување.
3 Дејноста на емитување на радио или телевизиски програми од ставот 2 на овој член, како и
издавањето на дозволата за радио или телевизиско емитување, подетално се уредува со Законот
за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
4 Надлежното регулаторно тело води регистри на издавачи на медиуми кои ги објавува на својата
веб страница, согласно со овој закон и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
5 Регистарот на издавачи на печатен медиум содржи податоци за:
- фирмата и седиштето, односно назив и адреса на издавачот на печатен медиум,
- име и презиме на одговорното лице на издавачот на печатен медиум и
- името на весникот или на магазинот.
6 Податоците од ставот 5 на овој член надлежното регулаторно тело ги добива од Централниот
регистар на Република Македонија, кој е должен во рок од пет дена од денот на извршената
регистрација, истите бесплатно да ги достави.
Обврска за обезбедување на заштита на малолетни лица
Член 6
1 Печатен медиум со порнографска содржина мора да има видливо предупредување дека содржи
порнографија, како и предупредување дека неговата дистрибуција, односно продажба е забранета
за малолетни лица и да биде спакуван во проѕирна најлонска фолија.
2 Заштитата на малолетните лица при емитување на радио или телевизиски програми се
обезбедува на начин утврден во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Член 7
Членот 7 е избришан согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 13/2014).
Одговорен уредник
Член 8
1 Секој издавач на медиум мора да има одговорен уредник кој е новинар и кој го именува и
разрешува издавачот на медиум.
2 Пред именувањето или разрешувањето на одговорниот уредник, издавачот на медиум може да
побара мислење од уредништвото. Уредништвото е должно мислењето да го достави во рок од
пет дена од денот на приемот на барањето.
3 Одговорниот уредник ја води реализацијата на содржините што се објавуваат, односно
емитуваат и одговора за секоја објавена информација во медиумот согласно со закон.
4 Доколку издавач на медиум има повеќе одговорни уредници секој од нив одговара за
содржината на делот од медиумската содржина за кој е одговорен.
Центар за развој на медиуми
Ул. Македонија бр. 11/1-5, 1000 Скопје
Тел/факс: +389 2 3136 340
www.mdc.org.mk