5 Македонската радио-телевизија за секој програмски сервис кој го емитува треба да има
одговорен уредник.
6 За одговорен уредник не може да биде именувано лице кое во рамките на вршењето на својата
функција ужива имунитет од кривична одговорност.
Уредништво
Член 9
Уредништвото во издавач на медиум се состои од одговорен уредник и уредници, а може да
вклучува и други програмски соработници. Доколку издавачот на медиумот нема уредници, тогаш
одговорниот уредник самиот ја врши функцијата на уредништво.
Член 10
Членот 10 е избришан согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 13/2014).
Право на новинар да го изнесе своето мислење и став и да одбие да изврши налог, односно
задача
Член 11
1 На новинарот не може да му се раскине договорот за работа, да му се намали платата или
промени позицијата во уредништвото или редакцијата, односно да му се намали или прекине
исплатата на договорениот надоместок или нејзин дел, како и да му се намалат или укинат и некои
од другите права утврдени во Законот за работните односи, заради изнесување на свое мислење и
став, доколку се во согласност со професионалните правила на новинарската професија.
2 Новинар има право да одбие да изготви, напише или да учествува во составување на прилог чија
содржина е против професионалните правила на новинарската професија за што на одговорниот
уредник му доставува пис��ена изјава.
3 Одредбите од овој член не ја исклучуваат одговорноста на новинарите во случаи определени
согласно со Законот за работните односи.
Заштита на изворот на информации
Член 12
1 Новинар има право да не го открие изворот на информацијата, односно податоците што можат
да го откријат изворот согласно со меѓународното право и Уставот на Република Македонија.
2 Правото од ставот 1 на овој член го имаат и другите лица кои поради нивната професионална
поврзаност со новинарот се запознаени со податоците што можат да го откријат изворот, по пат на
собирање, уредничко обликување или ширење на информацијата.
3 Новинарот пред да објави информација за којашто не го открива изворот е должен за тоа да го
запознае одговорниот уредник.
Центар за развој на медиуми
Ул. Македонија бр. 11/1-5, 1000 Скопје
Тел/факс: +389 2 3136 340
www.mdc.org.mk