1 Глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако: 1) не достави примерок од секој издаден број на печат до Националната и Универзитетската библиотека на Република Македонија (член 15 став 7); 2) не изврши објава на исправка согласно со членот 18 од овој закон; 3) не ја изврши објавата на исправката на начин и под услови утврдени со членот 19 од овој закон; 4) на заинтересирано лице не му обезбеди копија од објавена информација, согласно со членот 20 став 1 од овој закон; 5) не ја објави бараната информација согласно со членот 25 од овој закон и 6) не објави одговор на начин согласно со членот 27 од овој закон. 2 Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице и на трговец поединец за сторениот прекршок од ставот 1 на овој член. Преодни одредби Член 32 Членот 32 е избришан согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми („Службен весник на Република Македонија“ бр. 13/2014). Член 33 Податоците од членот 5 став 5 од овој закон, за постоечките издавачи на печатен медиум Централниот регистар на Република Македонија е должен да ги достави до надлежното регулаторно тело во рок од два месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 34 Образецот од членот 15 став 1 од овој закон надлежното регулаторно тело ќе го донесе во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. Завршни одредби Член 35 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Репуб��ика Македонија“. Центар за развој на медиуми Ул. Македонија бр. 11/1-5, 1000 Скопје Тел/факс: +389 2 3136 340 www.mdc.org.mk

Select target paragraph3

Connect to a paragraph
Connect to an entity
Disable highlights
Add to table of contents