Македонија, има седиште и уредништво во Република Македонија и има дозвола за радио или телевизиско емитување. 3 Дејноста на емитување на радио или телевизиски програми од ставот 2 на овој член, како и издавањето на дозволата за радио или телевизиско емитување, подетално се уредува со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. 4 Надлежното регулаторно тело води регистри на издавачи на медиуми кои ги објавува на својата веб страница, согласно со овој закон и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. 5 Регистарот на издавачи на печатен медиум содржи податоци за: - фирмата и седиштето, односно назив и адреса на издавачот на печатен медиум, - име и презиме на одговорното лице на издавачот на печатен медиум и - името на весникот или на магазинот. 6 Податоците од ставот 5 на овој член надлежното регулаторно тело ги добива од Централниот регистар на Република Македонија, кој е должен во рок од пет дена од денот на извршената регистрација, истите бесплатно да ги достави. Обврска за обезбедување на заштита на малолетни лица Член 6 1 Печатен медиум со порнографска содржина мора да има видливо предупредување дека содржи порнографија, како и предупредување дека неговата дистрибуција, односно продажба е забранета за малолетни лица и да биде спакуван во проѕирна најлонска фолија. 2 Заштитата на малолетните лица при емитување на радио или телевизиски програми се обезбедува на начин утврден во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Член 7 Членот 7 е избришан согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми („Службен весник на Република Македонија“ бр. 13/2014). Одговорен уредник Член 8 1 Секој издавач на медиум мора да има одговорен уредник кој е новинар и кој го именува и разрешува издавачот на медиум. 2 Пред именувањето или разрешувањето на одговорниот уредник, издавачот на медиум може да побара мислење од уредништвото. Уредништвото е должно мислењето да го достави во рок од пет дена од денот на приемот на барањето. 3 Одговорниот уредник ја води реализацијата на содржините што се објавуваат, односно емитуваат и одговора за секоја објавена информација во медиумот согласно со закон. 4 Доколку издавач на медиум има повеќе одговорни уредници секој од нив одговара за содржината на делот од медиумската содржина за кој е одговорен. Центар за развој на медиуми Ул. Македонија бр. 11/1-5, 1000 Скопје Тел/факс: +389 2 3136 340 www.mdc.org.mk

Select target paragraph3